Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Следната година ќе почнат активностите за новиот Клинички во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Следната година ќе почнат активностите за новиот Клинички во Скопје
МАКЕДОНИЈА

Следната година ќе почнат активностите за новиот Клинички во Скопје

Објавено June 9, 2026 16:29
Сподели
Сподели

Владата во моментов е фокусирана на завршување на процедурите за доизградба на Клиничката болница во Штип, изградба на Факултетот за медицински науки и Студентскиот дом во Штип, како и за болниците во Кичево и Тетово. Додека течат постапките за овие проекти, Владата веќе размислува и за изградба на нов модерен Клинички центар во Скопје, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање кога би можеле да почнат процедурите и колку брзо би можеле да се одвиваат за изградба на новиот објект на Клиничкиот центар во Скопје.

Премиерот Мицкоски посочи дека за болниците во Штип, Кичево и Тетово и за нов Факултет за медицински науки и Дом за студенти во Штип имале меѓународен повик, за да се пронајдат финансиери за овие проекти.

– Тука веќе имавме меѓународен повик за да најдеме финансиери и веќе имаме понуди кои што се необврзувачки, индикативни, кои што се понуди за нас, би рекол, навистина поволни и прифатливи. Овие проекти треба да ги завршиме, а логично е дека во меѓувреме размислуваме и за големиот Клинички центар кој што во Скопје би требало да се изгради. Разгледуваме една локација. Тоа е локацијата пред базенот „Борис Трајковски“, бидејќи таа локација е на два булевара, пристап до гас, блиску до обиколницата, што значи не само за главниот град и Македонија како држава, туку може од соседните држави да привлекуваме пациенти, кои што ќе ги користат услугите на овој, би рекол, како што е нашиот план, ултрамодерен Клинички центар. Но, таа парцела е приватна сопственост. Преговараме со сопственикот да видиме дали можеме да најдеме замена за таа парцела, да ја добие државата, потоа со специјален закон да се смени намената на истата – изјави Мицкоски.

Премиерот додаде дека планот е и под булеварот „Илинденска“ да се направи топол подземен премин, кој што ќе се поврзе со постоечката „8-ми Септември“ и ПЕТ центарот поликлиниката „Букурешт“.

– Значи еден целосен заокружен комплекс ќе опфати овој проект. ​Знаете дека имавме една голема инвестиција во „8-ми Септември“, болницата. Бевте присутни, видовте, навистина најсовремена опрема, единствена на Балканот. Тоа е нашата амбиција и откако ќе ја завршиме процедурата со овие претходни проекти, тоа ќе биде главниот фокус на на нашите приоритети. Овој долго најавуван проект да го направиме онаму каде што треба да биде и онаму каде што му е местото и каде што ќе можат граѓаните да го користат. Така што, на овој начин цениме дека не само што ќе ја развиваме државата, туку и ќе одговориме на потребите на граѓаните онаму каде што се најпотребни-вели Мицкоски.

Прашан за временската рамка, Мицкоски со одговор дека ако се е во ред очекува веќе следната година ќе има и почеток на активности за изградбата на новиот ултрамодерен Клинички центар во Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тело во распаѓање покрај Лепенец, пронајдена и картичка од автобус со име
Следна Статија ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова ќе го одликува Сашко Кедев со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе го одликува Сашко Кедев со Орден „8 Септември“: ‒ за храбриот придонес во конституирањето на…

November 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Целосна демонтажа на СДСМ и „шарените“: И со 290 милиони долари во кеш не беа способни да победат на избори, туку мораше да ги донесат на власт

Деновиве се случува вистинска демонтажа на СДСМ и нивниот производ наречен „шарена револуција“. Највисоките луѓе на администрацијата на Доналд Трамп, како…

February 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Австрија е наш силен поддржувач, соработката продолжува во насока на економскиот напредок

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој е дел од владината делегација што ја предводи премиерот Христијан Мицкоски во…

April 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Платите на судиите денеска на седница на Уставниот суд

Уставниот суд на Република Македонија денеска ќе ја одржи 28-та и последна седница за 2025 година, на која ќе бидат…

December 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?