Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија
СВЕТ

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

Објавено June 9, 2026 16:35
Сподели
Сподели

Европската Унија подготвува 21. пакет санкции против Русија, насочен кон дополнително слабеење на руската воена економија и ограничување на приходите со кои Москва ја финансира војната против Украина.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, објави дека новиот пакет ќе опфати банки, производители на оружје, трговци со нафта, рафинерии и криптооператори во трети земји.

„Цигла по цигла ги уриваме темелите на руската воена економија“, порача Калас на социјалната мрежа X.

Според најавите, пакетот предвидува најголем број нови санкционирани лица и субјекти во последните повеќе од две години, со повеќе од 170 предлози, особено во финансискиот сектор.

ЕУ планира да ја замрзне имотната состојба на речиси 90 банки и да воведе дополнителни забрани за трансакции за повеќе од 30 банки во Русија и во други трети земји. Според Reuters, мерките ќе бидат насочени и кон околу десетина криптоплатформи за кои се смета дека помагаат во заобиколување на санкциите.

Еден од главните фокуси останува енергетскиот сектор, бидејќи продажбата на енергенси и натаму е клучен извор на приходи за руската воена машина. ЕУ најавува привремено замрзнување на горната граница на цената на руската нафта, нови ограничувања за препродажба на LNG танкери кон Русија и продолжување на мерките против таканаречената руска „флота во сенка“.

Новиот пакет ќе ги таргетира и компаниите што го поддржуваат рускиот воено-индустриски комплекс. Меѓу најавените мерки се санкции за повеќе од 30 субјекти поврзани со производство на дронови, како и нови контроли на извозот за 50 компании, меѓу кои и субјекти со седиште во Кина и Турција.

Калас најави и целосна забрана за издавање визи за поранешни и актуелни припадници на руските вооружени сили и нивните посреднички групи.

„Вратите на Европа не треба да бидат отворени за поранешни и сегашни руски борци“, порача Калас.

Со новиот пакет санкции, Брисел се обидува да го засили притисокот врз Москва преку истовремено ограничување на финансиските канали, приходите од енергенси, военото производство и мрежите за заобиколување на санкциите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Следната година ќе почнат активностите за новиот Клинички во Скопје
Следна Статија Ќе се градат автопати и железници за возови што ќе се движат со 160 километри на час

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Историска одлука: Уставниот суд го смени претседателот на Јужна Кореја

Уставниот суд на Јужна Кореја одлучи да го смени претседателот Јун Сук Јеол, потврдувајќи го неговото отповикување во парламентот поради…

April 4, 2025
СВЕТ

(Видео) „Спејс Икс“ на Маск ја лансираше единаесеттата ракета „Старшип“

„Спејс Икс“ на Илон Маск вчера ја лансираше својата единаесетта ракета „Старшип“ од „Старбејс“ во Тексас.   Starship's eleventh flight…

October 14, 2025
СВЕТ

Зеленски се пожали: Драматично е проширен американскиот предлог за ретките минерали

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека Киев нема да прифати никаков договор за ретки минерали, кој би ја…

March 29, 2025
СВЕТ

(Видео) Трамп и Меланија се заглавија на ескалаторот, па „идиотот“ се расипа пред Генералното собрание на ОН

Доналд Трамп стана вирален на социјалните мрежи пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Пред да влезат во салата,…

September 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?