Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се градат автопати и железници за возови што ќе се движат со 160 километри на час
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ќе се градат автопати и железници за возови што ќе се движат со 160 километри на час
ЕКОНОМИЈА

Ќе се градат автопати и железници за возови што ќе се движат со 160 километри на час

Објавено June 9, 2026 16:36
Сподели
Сподели

Во следните десет години, во државата треба да се реализираат капитални инвестиции вредни околу 10 милијарди евра, најави премиерот Христијан Мицкоски. Според него, проектите опфаќаат изградба на нови автопати, експресни патишта, железници, енергетски објекти, здравствени установи и индустриски инвестиции.

Во втората половина од годинава се очекува истовремено да се градат шест автопатски делници. На автопатот Кичево – Охрид, кој се гради веќе 12 години, делницата Извор – Врбјани треба да биде пуштена во употреба до септември или октомври, додека целосното завршување се очекува во првиот квартал од 2027 година. За негово финализирање се обезбедени 175 милиони евра преку синдикат на домашни банки.

За делницата Букојчани – Кичево, вредна речиси 220 милиони евра, веќе е избран најповолен понудувач, а почетокот на градежните работи се очекува наесен. Во слична фаза е и втората делница од автопатот Блаце – Скопје.

Во рамки на проектот со „Бехтел и Енка“ се градат делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Прилеп – Битола. Владата очекува првите 11,5 километри од делницата Прилеп – Битола да бидат пуштени во употреба до септември 2027 година, а за целосно завршување на проектот ќе бидат потребни дополнителни околу 900 милиони евра.

Во делот на експресните патишта започнува проектирањето на делницата Кочани – Виница – Делчево, инвестиција вредна околу 120 милиони евра, додека се подготвуваат и проекти за подобрување на поврзаноста со Коридорот 8.

Железничката инфраструктура останува меѓу главните приоритети. Продолжува изградбата на пругата кон Бугарија на Коридорот 8, а се подготвува и модернизација на железничката линија Скопје – Јегуновце – Тетово – Гостивар, проект вреден околу 284 милиони евра. За модернизацијата на Коридорот 10, инвестиција од околу 1,8 милијарди евра, се очекуваат првите активности на терен до крајот на годината.

Во енергетиката, Владата ја разгледува можноста хидроенергетскиот проект Чебрен и Галиште да го реализира самостојно. Вредноста на инвестицијата се проценува на околу 1,5 милијарди евра.

Паралелно се водат разговори со повеќе странски компании за нови инвестиции. Германска мултинационална компанија веќе резервирала локации за две фабрики, додека американска компанија од листата Fortune 500 започнала активности за инвестирање и вработување. Најавено е и проширување на капацитетите на турска компанија во ТИРЗ Тетово.

Во здравството, меѓу најзначајните проекти се Клиничката болница во Штип, нов медицински факултет со студентски дом, Клиничката болница во Тетово и нов здравствен дом во Кичево, со вкупна вредност од околу 200 милиони евра.

Според Владата, реализацијата на овие проекти треба да создаде силен развоен импулс и услови за економски раст над пет проценти во наредните годин

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија
Следна Статија Македонската полиција доби нови теренски возила и специјализирана опрема од ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Останувам на ветувањето дека автопатот Охрид – Кичево целосно ќе го изградиме до крај на 2026

За автопатот Охрид – Кичево во минатото најмногу се коментирало и најмногу се лажело. Но јас цврсто стојам на моето…

November 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Circle и Binance во стратешко партнерство за забрзување на глобалното усвојување на USDC и криптовалути

Водечките компании во крипто индустријата, Circle Internet Group Inc. и Binance, објавија ново стратешко партнерство на Финансиската недела во Абу…

December 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Инвестициите во модерни автопати и железница ќе го забрзаат развојот на Македонија, изјави Николоски

Целосната изградба на Коридорот 10 е определба на Владата со цел Македонија да ја задржи стратешката позиција во Европа. Истовремено…

March 21, 2026
ЕКОНОМИЈА

Станува ли чоколадото елитна храна!

Чоколадото е омилена храна за многумина, а неговите цени вртоглаво скокнаа. Имено, цената беше под влијание на лошата жетва на…

September 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?