Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска: Македонија гради енергетска иднина за сите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска: Македонија гради енергетска иднина за сите
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Македонија гради енергетска иднина за сите

Објавено June 3, 2025 17:35
Сподели
Сподели

Македонија е подготвена за нов енергетски модел – праведен, транспарентен и социјално одговорен. Тоа беше пораката на денешниот настан на кој беше промовиран извештајот на Центарот за развој на ОЕЦД: „Цени на енергија и субвенции во Западен Балкан: Реформи за фер и зелена иднина“, на кој се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Извештајот, подготвен со поддршка на меѓународни партнери, дава јасен преглед на фискалните трошоци поврзани со субвенционирањето на енергијата, со посебен фокус на периодот на енергетската криза во 2021–2022 година.

Според анализата, Македонија во периодот 2018–2023 издвојува сериозни средства, директна поддршка за енергетскиот сектор. Како што истакна министерката Божиновска, најголем дел од овие средства биле наменети за амортизирање на ценовните шокови и заштита на животниот стандард на граѓаните во време на глобални кризи. Но, како што укажува и извештајот, постојниот модел на униформни субвенции често придонесува за поголем трансфер кон домаќинствата со повисока потрошувачка, наместо кон ранливите категории.

„Со новиот Закон за енергетика направивме клучен исчекор – преминуваме од универзална поддршка кон таргетирана социјална заштита, базирана на реалните услови на домаќинството, а не само на потрошувачката,“ изјави Божиновска, најавувајќи дека во соработка со Министерството за социјална политика се воспоставува и методологија за мерење на енергетската сиромаштија.

Министерката го потенцираше и системот на блок-тарифи што се применува од јули 2022 година, но посочи на неговите ограничувања: „Семејства со повеќе членови или лица со хронични заболувања, кои имаат реална потреба од повисока потрошувачка, се изложени на повисоки цени и покрај нивниот социјален статус.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уште една кривична за криминалите во Лотарија, со лош тендер украле 200.000 евра
Следна Статија Годишно губиме по 10.000 грла говеда, вели Драги Димитриевски, професор на Факултетот за земјоделски науки и храна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Кампања на владата – купувај домашни земјоделски производи

Преку кампањата купувај домашни земјоделски производи го стимулираме растот на домашната економија и директно влијаеме врз зголемување на потрошувачката на…

June 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ќе се позиционира ли рударството како стратешки сектор?

Да за нови рудници со запазени еколошки стандарди“ – политичките субјекти во земјава споделуваат исти ставови за иднината на македонското…

April 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Триста компании ќе бидат поддржани со грантови за зелена трансформација во вкупен износ од 25 милиони евра, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека речиси 300 компании ќе бидат поддржани со грантови во вредност од 25 милиони евра…

January 27, 2026
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска – Кочоска: Штетите кои ги предизвика СДС во министерство за финансии се огромни, ќе следува ревизија и одговорност од чинителите

Растот на приходите поради борба со корупција и криминал, предмети кои во скоро време ќе почнат да излегуваат каде што…

November 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?