Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонската полиција доби нови теренски возила и специјализирана опрема од ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонската полиција доби нови теренски возила и специјализирана опрема од ЕУ
МАКЕДОНИЈА

Македонската полиција доби нови теренски возила и специјализирана опрема од ЕУ

Објавено June 9, 2026 20:02
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи доби  возила и специјализирана опрема,  обезбедени во рамките на регионалниот ИПА-проект „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против шверцувањето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан (EU4FAST)“.

Во рамките на донацијата, како што информираат од МВР, беа предадени 30 алатки за проверка на документи, два детектори за срцебиење, за откривање лица во скриени простори, седум возила (четири теренски и три комбиња), како и пет видеокамери наменети за Граничната полиција и Националната единица за борба против шверцување мигранти и трговија со луѓе.

Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека поддршката од Европската Унија претставува конкретен придонес во јакнењето на капацитетите на македонската полиција и во унапредувањето на нејзината оперативна ефикасност.

– Живееме во комплексно геополитичко време, кое бара максимална будност и кохезија на безбедносните структури. Нашите граници се рамноправен дел од безбедносната архитектура на европскиот континент, а нашите институции се на првата линија на одбрана на заедничките европски вредности. Затоа секоја инвестиција во модернизацијата на нашите служби е истовремено инвестиција во мирот и стабилноста на целиот европски простор – нагласи Тошковски.

Министерот посочи дека криминалните мрежи дејствуваат транснационално и постојано ги адаптираат своите методи поради што е неопходен координиран и навремен одговор заснован на силна меѓународна соработка.

Тој истакна дека проектот EU4FAST претставува успешен пример за заедничко дејствување на институциите од регионот и европските партнери преку обуки, размена на информации и координирани активности на терен.

– Донираните возила и специјализираната опрема веднаш ќе бидат ставени во функција, со што значително ќе се зголемат мобилноста, ефикасноста и оперативните капацитети на полициските единици во справувањето со шверцувањето мигранти и трговијата со луѓе – истакна Тошковски.

Тој нагласи дека овие форми на организиран криминал имаат директни последици врз човечките судбини поради што Министерството за внатрешни работи продолжува да применува мултидисциплинарен пристап со силна хумана компонента во секоја оперативна активност.

На крајот од обраќањето министерот Тошковски упати благодарност до Европската Унија, донаторската заедница и проектниот тим за континуираната поддршка и доверба потенцирајќи дека земјата ќе остане активен и кредибилен партнер во сите иницијативи насочени кон зајакнување на безбедноста, владеењето на правото и регионалната соработка.

.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе се градат автопати и железници за возови што ќе се движат со 160 километри на час
Следна Статија Витаминка одбележа 70 години како еден од симболите на македонската индустрија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Oбвинителството тврди дека целосно е разбиен криминалниот клан „Беланоца“ кој стои зад убиствата во „Шиша бар“ и Ханиоти

Обвинителство за гонење организиран криминал на дешенниот брифинг потврди дека е целосно разбиена крииналната група „Беланоца“ и втора група која…

May 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филтри на оџаците како мерка против загадувањето – Мицкоски очекува невладини да се борат за воздух по седум години молк

Владата веќе размислува за конкретни мерки за намалување на загадувањето во претстојната зимска сезона. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека денеска…

September 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Никој нема против албанскиот јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот, рече Мицкоски

Официјален јазик на целата држава е македонскиот и неговото кирилско писмо – изјави премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница одговарајќи…

March 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Привремен клуч за 26 угостителски објекти од ДПИ

Дваесет и шест угостителски објекти добија привремена забрана за вршење дејност при засилените инспекциски надзори што Државниот пазарен инспекторат (ДПИ)…

December 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?