Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Витаминка одбележа 70 години како еден од симболите на македонската индустрија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Витаминка одбележа 70 години како еден од симболите на македонската индустрија
ЕКОНОМИЈА

Витаминка одбележа 70 години како еден од симболите на македонската индустрија

Објавено June 9, 2026 16:51
Сподели
Сподели

Витаминка АД Прилеп одбележа 70 години од своето постоење, јубилеј што ја потврдува нејзината позиција како една од најуспешните и најпрепознатливи македонски компании и лидер во прехранбената индустрија.

По повод годишнината, компанијата организираше посебна прослава за вработените и нивните семејства, со што уште еднаш ја потврди својата посветеност кон луѓето кои се темел на нејзиниот успех.

 

Во рамки на настанот беа доделени благодарници на вработени од различни сектори како признание за нивната посветеност, труд и долгогодишен придонес во развојот на компанијата.

Прославата беше исполнета со бројни забавни содржини и активности за сите генерации, овозможувајќи им на вработените и нивните семејства да поминат квалитетно време заедно, да се дружат и да создадат нови заеднички спомени.

Во рамки на одбележувањето беше организиран и корпоративен настан во присуство на претставници на институции, деловни партнери и соработници, на којшто беа доделени признанија на долгогодишни партнери и соработници како знак на благодарност за успешната соработка и придонесот во развојот на компанијата. На настанот беше претставен и Извештајот за одржливост за 2025 година, како дел од целосното усогласување со ESG практиките.

Во текот на седум децении, Витаминка израсна во компанија чии брендови се дел од секојдневието на повеќе генерации потрошувачи. Денес, нејзините производи се присутни на пазарите во над 30 земји ширум светот, претставувајќи успешен пример за македонски бренд со меѓународна препознатливост.

Зад ова достигнување стојат континуирани инвестиции во современи производствени процеси, развој на нови производи и постојано унапредување на квалитетот, како и посветеноста на генерации вработени кои во изминатите 70 години биле дел од развојот на компанијата.

Седумдесетгодишнината претставува значајна пресвртница за Витаминка и потврда за нејзината улога како еден од најпрепознатливите македонски брендови, чиј успех и развој оставаат траен белег во домашната индустрија и на меѓународните пазари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонската полиција доби нови теренски возила и специјализирана опрема од ЕУ
Следна Статија Се откажуваат резервации: Протестите во Албанија против зетот на Трамп ќе го намалат бројот на туристи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Вишиот управен суд ја врати концесијата за Иловица

Владата на денешната седница беше информирана од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за донесена пресуда на Вишиот управен…

June 23, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонија и Скопје на авиомапата на Барселона и Лион

Утрово на скопскиот аеродром слетаа првите авиони на ново воведените линии Барселона – Скопје и Лион – Скопје. Тие се…

May 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Објавена листата на фирми на кои ќе им бидат одземени лиценците

Mинистерството за транспорт ја објави листата на правни лица за кои се води постапка за одземање на лиценцата во делот…

March 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: „One stop shop“ железнички премин помеѓу Македонија и Србија, Коридорот 10 еден од главните крвотоци на државата!

Задоволство е да означиме почеток на уште еден проект. Се работи за заеднички железнички премин помеѓу Македонија и Србија, на…

March 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?