Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се откажуваат резервации: Протестите во Албанија против зетот на Трамп ќе го намалат бројот на туристи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Roadtrip > Се откажуваат резервации: Протестите во Албанија против зетот на Трамп ќе го намалат бројот на туристи
Roadtrip

Се откажуваат резервации: Протестите во Албанија против зетот на Трамп ќе го намалат бројот на туристи

Објавено June 9, 2026 16:58
Сподели
Сподели

Протестите што се одржуваат во Албанија против изградбата на луксузен ресорт во Зврнец, кај Валона, предизвикаа загриженост во туристичкиот сектор.

Според претседателот на Туристичкиот сојуз, Рахман Касај, странски туристи веќе ги откажале резервациите или се повнимателни во изборот на Албанија како дестинација за нивните летни одмори.

– Неизвесноста создадена од последните случувања исто така влијаеле на бројот на продадени туристички пакети досега. Веќе имаме откажувања на резервации од Словачка, од Германија и други земји – изјави Касај за „Топ чанел“.

Тој додаде дека иако формата на граѓанскиот марш е мирна, одекот од протестите има негативно влијание врз туристичката индустрија бидејќи бројот на продадени пакети видно е намален затоа што клиентите на светските тур-оператори се загрижени и не избираат земја во која има дестабилизација.

– Туристичката индустрија е единствената што е повеќе погодена од каков било настан, како што се протести или насилни движења во една земја. Имаме пример со Египет, Тунис, еве сега и кај нас, каде што протестите предизвика многу туристички агенции да ја отстранат Албанија од својата листа на дестинации – вели Касај.

На негативните последици од протестите деновиве предупреди и премиерот Еди Рама.

Во 2025 година земјата ја посетиле 12,4 милиони странски туристи, при што остварен е приход од 5,72 милијарди евра. Овие бројки го квалификуваат туризмот како еден од главните столбови на економскиот развој на Албанија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Витаминка одбележа 70 години како еден од симболите на македонската индустрија
Следна Статија Платини поднесе кривична пријава против претседателот на ФИФА Инфантино

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Не сме на продажба: Во Албанија продолжуваат протестите против комплексот на зетот на Трамп

Илјадници граѓани во Тирана протестираа против планот за изградба на луксузен туристички комплекс вреден околу 1,4 милијарди евра на островот…

June 6, 2026
БАЛКАН

Вечерва низ цела Србија се одржуваат протести по насилството на поддржувачите на СНС врз студентите во Нови Сад

По бруталните сцени на насилство што беа видени синоќа во Нови Сад, студентите и граѓаните повикаа на протести во неколку…

February 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Првите полски туристи слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска ги пречека првите 239 патници од Вроцлав, Полска, кои пристигнаа со новата авиолинија…

June 7, 2026
БАЛКАН

Албанија го отвори последниот кластер во преговорите со ЕУ

Албанија ја дувна свеќичката со број шест, симболично означувајќи го отворањето на последниот, шести кластер од пристапниот процес. Со тоа,…

November 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?