Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Следната година ќе се вози по една летна на автопатот Битола-Прилеп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Следната година ќе се вози по една летна на автопатот Битола-Прилеп
ЕКОНОМИЈА

Следната година ќе се вози по една летна на автопатот Битола-Прилеп

Објавено May 21, 2026 12:01
Сподели
Сподели

Прогресот на автопатите на Коридор 8 оди добро и ќе ги изградиме во рамки на предвидениот рок. Следната година ќе пуштиме една лента за возење на автопатот од Прилеп до Битола а целиот ќе го изградиме исто така во предвидениот рок, истакна во интервјуто за ТВ Сител, вицепремиерот Николоски.

Тој потенцираше дека проблемот со неколку сопственици на вили во село Ореовец ќе биде решен, но го отвори пршањето зошто политичката партија Левица ги штити истите кога овој проблем може да ја чини државата до 100 милиони евра.

-Рокот е 2029 година за сите три автопатски делници, Тетово -Гостивар, Гостивар -Букојчани и Прилеп-Битола. Најбрзо очекувам да видиме на Битола-Прилеп, иако е најдолгата делница, таа е најдолгиот автопат поединечно што се гради во Македонија и морам да кажам дека голем фокус ставаме на овој проект. Единствено останува со овие буџованиве од Ореовец да го решиме проблемот. Има таму десетина сопственици на вили, кои што блокираат пристап до наоѓалиштето од каде што треба да се црпи материјал за изградба на автопатот. Мирот им се нарушува, веројатно кога слушаат таму пријатна музика и кога поминуваат камионите, но тоа нарушување на мир чини некаде околу стотина милиони евра. Гледам политичката партија Левица се залепи на ова, па фер е да ги прашаме како дефинирани левичари, како тоа сака државатa да потроши 100 милиони евра повеќе. Секако дека ќе решиме, но ова се добри морални прашања кои што се отвараат. Инаку на Прилеп -Битола веќе очекувам следната година, едната страна да е целосно пуштена, односно да пуштиме сообраќај по нов автопат во едната насока, а целиот да биде завршен во рамки на рокот. Гостивар -Тетово, иако изгледа најлесен, во суштина е најтежок, затоа што има многу објекти што треба да се дислоцираат, но и тука ќе бидиме во рокот. А Гостивар- Букојчани, заобиколкувањето на популарната Стража, иако изгледа како најтежок, во суштина добро оди прогресот и веќе имаме пробиено 18 километри, истакна Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шкендија ќе биде казнета за свирењето на химната од страна на Балистите
Следна Статија СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање, најавува кривична за Гаши

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Миноски за геополитиката и геоекономијата (ВИДЕО)

Поранешниот министер за финансии и економски експерт Кирил Миноски гостуваше во емисијата Заспиј ако можеш каде говореше за геополитичката и…

April 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јенот продолжува со добивките среде закана за интервенција: Преглед на пазарите

Доларот падна во однос на сите негови главни валути по стапката на проверка во петок од Федералната резервна банка на…

January 27, 2026
ЕКОНОМИЈА

Злато и сребро во возбудлива година со историски рекорди

Цената на златото скокна за повеќе од 60% годинава и достигна рекордно ниво од над 4.549 долари.

January 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Кризата со меморските чипови ги разбранува пазарите, очекувања за уште полошо

Компании од производителот на конзоли Nintendo до големи PC брендови и добавувачи на Apple видаат пад на акциите поради загриженост…

February 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?