Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање, најавува кривична за Гаши
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање, најавува кривична за Гаши
ПОЛИТИКА

СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање, најавува кривична за Гаши

Објавено May 21, 2026 12:54
Сподели
Сподели

СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање и буџет на која треба да се расправа за заемот од 260 милиони евра. Најавува и кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието Африм Гаши. Кривичната пријава и интерпелацијата, како што изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче, е поради континуираното кршење на Деловникот и злоупотреба на функцијата.

– Ова е скандал кој не е нов и кој претседателот на Собранието веќе континуирано го спроведува, а тоа е дека, кршејќи го Деловникот, закажува состанок на Комисијата за финансирање и буџет, комисија што ја води нашата пратеничка Сања Лукаревска, и покрај тоа што таа е тука и не е отсутна, а Деловникот тоа не го дозволува. Кога пратеникот е тука, тој задолжува друг пратеник да ја води оваа комисија, рече Филипче.

Ваквото однесување на собранискиот спикер, според СДСМ, станува пракса и претставува директно прекршување на собраниските процедури и правила.

Ваквиот чекор на СДСМ следува откако вчера пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара од претседателот на Собранието да ги искористи можностите што му ги нуди Деловникот за да закаже седница на Комисијата за финансирање и буџет на која треба да се расправа за заемот од 260 милиони евра. Во Собранието во тек е седницата на Комисијата за финансирање со која претседава Бојан Стојановски од ВМРО- ДПМНЕ.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Следната година ќе се вози по една летна на автопатот Битола-Прилеп
Следна Статија Продолжениот викенд со дожд, грмежи и ветер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Костадиновска-Стојчевска: Лажеа и за името и за јазикот, СДСМ бара надзорна расправа за Законот за македонски јазик

Како што ВМРО лажеше дека ќе го врати името така водеше и лажна кампања дека е загрозен македонскиот јазик. Денеска,…

March 23, 2026
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Костова: Со пораст на трошоците за живот, созреана е потребата од 500 евра минимална плата

Трошоците за живот растат, платите стагнираат, граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Во услови кога животниот стандард на граѓаните е…

December 15, 2024
ПОЛИТИКА

Шукова, Чупеска, Илиевски и Костова-потпретседатели на СДСМ, Димитријевиќ-генерален секретар

Поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката од Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска, Менде Илиевски член на Советот…

November 27, 2024
ПОЛИТИКА

Шансите мали: Последен ден за договор за Изборниот законик и четири милиони евра кои треба да ги добие Македонија

Политичкиот театар на СДСM, Левица и ДУИ е разобличен, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов…

July 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?