Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавија дека на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Од УХМР исто така посочија дека во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со умерен до засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Како и утре, така и за време на викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.
Во понеделник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
