Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Словенците на референдум го отфрлија законот за асистирана смрт
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Словенците на референдум го отфрлија законот за асистирана смрт
БАЛКАН

Словенците на референдум го отфрлија законот за асистирана смрт

Објавено November 24, 2025 16:15
Сподели
Сподели

Словенечките гласачи на вчерашниот референдум го отфрлија предложениот Закон за асистирана смрт, покажуваат резултатите по пребројувањето на над 97 отсто од гласовите, јави словенечката агенција СТА.
Против Законот гласале нешто повеќе од 53 отсто од излезените гласачи, а излезноста изнесувала 40,4 проценти, според прелиминарните, но сè уште неофицијални податоци објавени од Државната изборна комисија.
Законот беше отфрлен во повеќето изборни окрузи, при што само урбаните области околу Љубљана, Крањ, Копер, Цеље и Нова Горица гласале „за“, пренесува СТА.

Словенците гласаа на референдум за закон со кој на терминално болните, ментално способни возрасни лица им се дава право да го прекинат својот живот со медицинска помош.

Претходно беше одржано тридневно предвремено гласање, а гласале вкупно 35.730 гласачи, што е 2,11 отсто од запишаното гласачко тело, како што во петокот соопшти словенечката Државна изборна комисија.
Вчера се одржа општото гласање на 2.971 редовно гласачко место, 88 посебни гласачки места и во 29 дипломатско-конзуларни претставништва во странство, а право на глас имаа речиси 1,7 милиони гласачи.

Инаку, ова беше втор референдум за две години за потпомогнато самоубиство.

Парламентот на Словенија во јули со 50 гласа „за“, 34 „против“, а тројца „воздржани“ го усвои Законот за помош при доброволно прекинување на животот., откако минатата година на советодавниот референдум 55 проценти од гласачите го поддржаа правото на асистирано самоубиство.

Словенија стана прва источноевропска земја што го легализираше потпомогнато самоубиство, но набрзо се појави иницијатива за референдум за отфрлање на Законот, иницирана од група предводена од конзервативниот активист Алеш Примац и поддржана од опозицијата, црквата и некои здравствени експерти. Иницијативата ја потпишаа над 46.000 граѓани.
Поддржувачите тврдат дека потпомогнато самоубиство би им обезбедило достоинство и слобода на избор на луѓето при крајот на животот, додека противниците предупредуваат дека со тоа би била прекршена уставната заштита на животот, што би ги загрозило ранливите поединци.

Гласачите вчера одговораа на прашањето на референдумот: „Дали сте за воведување на Законот за асистирано умирање, кој Народното собрание го усвои на својата седница на 24 јули 2025 година?“
За да биде отфрлен Законот, мораше да бидат исполнети два услови – мнозинството гласачи, кои излегле на референдумот да гласаат „против“ и најмалку 20 проценти од сите гласачи да гласаат „против“. Според словенечкото Министерство за внатрешни работи, Словенија има 1.696.025 регистрирани гласачи. Минималниот број гласови потребни за отфрлање на Законот е 339.205.

Според усвоениот Закон, пациентите во Словенија имаат пристап до асистирано самоубиство. Доколку барањето на пациентот биде прифатено, ќе им биде дадена супстанција со која ќе го завршат животот.
Пациентите мораат двапати да ја изразат својата намера кај својот лекар, пред да поднесат формално барање, кое потоа ќе мора да биде одобрено од независен лекар. Нивната способност за донесување одлука ќе ја процени и психијатар. Здравствените работници го задржуваат правото да одбијат да учествуваат во постапката.
Правото нема да може да се користи во случаи на неподносливо страдање како резултат на ментална болест и за лица под 18 години. Евтаназијата, или смрт од страна на старател по барање на пациентот, е забранета.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тинејџер силувал 12-годишно девојче, негов другар снимал, трето момче уценувало
Следна Статија (ВИДЕО) Додик ја прослави победата со песна: „Само тако, само тако…“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Дачиќ: Дрво му го попречи патот на српскиот премиер, истражуваме дали е намерно соборено

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека дрво се нашло паднато на патеката на автомобилот во кој се…

January 27, 2025
БАЛКАН

Протестите во Белград „издишаа“, само 36.000 на улиците

Блокадерите во Србија го  започнаа протестот против Вучиќ на најголемиот српски празник Видовден. Проценката на Министерството за внатрешни работи за бројот…

June 28, 2025
БАЛКАН

Kaко во серијата „Твин Пикс“: Две убиства и самоубиства во планинска колиба во Бугарија

Случајот со шест жртви во Бугарија предизвика бран теории на заговор и шпекулации и доминираше во вестите во Бугарија повеќе…

February 19, 2026
БАЛКАН

Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво

Поради интервенции во механизмите на пумпата и системот за прилив-одлив на гориво, обезбедувајќи помала количина гориво од наведената, Независната управа…

May 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?