Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Смртта на Џин Хекман и неговата сопруга не е предизвикана од истекување на гас, причината останува непозната
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Смртта на Џин Хекман и неговата сопруга не е предизвикана од истекување на гас, причината останува непозната
ЗАБАВА

Смртта на Џин Хекман и неговата сопруга не е предизвикана од истекување на гас, причината останува непозната

Објавено March 5, 2025 19:32
Сподели
Сподели

Смртта на оскаровецот Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава, кои беа пронајдени мртви минатата недела во нивниот дом во Санта Фе, не е резултат на истекување на гас, соопштија денеска властите во Ново Мексико.

Компанијата за гас не откри присуство на јаглерод моноксид во домот на Хекман за време на темелна истрага, објави Си-Ен-Ен.

На нивните тела не се констатирани надворешни повреди или други сомнителни знаци, покажа прелиминарната обдукција. До нив е пронајдено мртво нивното куче Зина, на пет-шест метри од Аракава.

Како што јави ТВ каналот ABC, на имотот се пронајдени уште две живи кучиња, кои сега се добро и се негуваат.

Хекмен наполни 95 години на крајот на јануари, а последниот филм во кој глумеше беше „Добредојдовте во Муспорт“ од 2004 година.

Хекмен стана познат по улогата во филмот Бони и Клајд од 1967 година, а освои и Оскар за улогите во филмот „Француската врска“ од 1971 година и филмот „Непростено“ од 1992 година.

Неговата сопруга, со која беше во брак од 1991 година, беше пијанистка, а од првиот брак има три деца.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Меган Маркл доживеа целосен дебакл
Следна Статија Џорџ Клуни на чекор до развод!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Почина нобеловецот Марио Варгас Љоса

Марио Варгас Љоса, перуански романсиер, новинар, есеист, професор на повеќе универзитети и добитник на Нобеловата награда, почина на 89-годишна возраст.…

April 14, 2025
ЗАБАВА

Семејството и пријателите се простија од Лиам Пејн, бројните фанови оставија цвеќиња и свеќи

Семејството и пријателите се простија од Лиам Пејн. Чуварите застанаа пред вратата на црквата во Вулверхемптон, а бројни фанови се…

November 21, 2024
ЗАБАВА

Синот на Филипче матурант: Мисли два пати и остани скромен, му порача татко му!

Иво синот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, годинава е матурант, па по тој повод неговиот татко објави заедничка фотографија…

June 2, 2025
ЗАБАВА

Кои обичаи и верувања се поврзуваат со празникот Света Петка?

Денеска се слави празникот Света Преподобна Параскева, позната и како Света Параскева и како Мајка Параскева. Култот кон оваа светица…

October 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?