Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Снемува работници ама без повисоки плати уште толку ќе нема – порачаа од ССМ и побараа зголемување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Снемува работници ама без повисоки плати уште толку ќе нема – порачаа од ССМ и побараа зголемување
ЕКОНОМИЈА

Снемува работници ама без повисоки плати уште толку ќе нема – порачаа од ССМ и побараа зголемување

Објавено April 25, 2025 18:04
Сподели
Сподели

Снемува работна сила ама ако не се зголемат платите, уште толку ќе нема – порачаа денеска синдикатите. Работодавачите и Владата да ја бараат вината кај себе, а не кај работниците, за да не останат без нив.

Ова е пораката на ССМ испратена од Работничкиот дом, местото од каде што следната недела ќе започне првомајскиот протест.

Испорачаа едно главно барање до сите работодавачи од приватниот сектор – итно да се зголемат платите на работниците, затоа што приватниот сектор е главен двигател на економската состојба во Македонија.

„Приватниот сектор е нешто што мора веднаш да се подобри со квалификуван кадар и млади луѓе. Но, за овие две работи потребни се достоинствени односно безбедни услови за работа и повисоки плати. Повисоки плати не се 500 евра плата, туку 500 евра минимална плата која ќе се множи со коефициент на сложеност и со тоа ќе пораснат останатите плати. Во овие трудоинтензивни дејности од приватниот сектор не треба да има плати помали од педесет и шеесет илјади денари“, вели Иван Пешевски, потпретседател на ССМ.

Од Сојузот на синдикати обвинуваат и за притисоци врз нивните членови. Тврдат дека се фаворизира друг синдикат којшто не се бори за повисоки плати.

„Во меѓувреме, додека се разгледува барањето на ССМ за бројот на членови и репрезентативност на ниво на држава, пријавени се повеќе напади кон членовите на гранките на ССМ и притисоци за отчленување и фаворизирање на друг синдикат кој за жал не бара зголемување на плати, па оттука се сомневаме дека можеби и затоа е омилен синдикат на Владата“, додаде Пешевски од ССМ.

ССМ веќе закажа првомајски протест, а не марш – поради ниските плати, нечовечките услови за работа, доцнењето со исплата на платите и во приватниот и во јавниот сектор, како и поради непочитување на колективните договори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Синот на Трамп утре повторно доаѓа во Белград
Следна Статија Почина познатиот угостител и претседател на НУК, Здравко Јосифовски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Федералните резерви обезбедија независност со едногласно гласање

Централната банка презеде стратешки чекор за зачувување на своето раководство и независност

December 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Интензиво работиме на реконструкцијата на Пресека во должина од 11 километри

Интензивно работиме на рехабилитација на превојот Пресека и очекувам до месец февруари целиот патен правец да биде завршен и да…

December 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Новата ТС Охрид го поврзува Балканот и европскиот пазар на електрична енергија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес изврши теренска посета на градилиштето за изградба на новата трансформаторска…

July 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

Во 2024 година, 65.5 % од вкупната потребна енергија во земјава е обезбедена од увоз, покажуваат податоците на Државниот завод…

October 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?