Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Собранието го донесе Законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Собранието го донесе Законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство
МАКЕДОНИЈА

Собранието го донесе Законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство

Објавено May 28, 2025 18:45
Сподели
Сподели

Собранието попладнево во рамки на 52. седница го донесе Закот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти.

За законот гласаа 82 пратеника од кои 76 пратеници гласаа „за“, шест пратеници гласаа против, а воздржани нема.

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, кој го презентираше законот, истакна дека документот е склучен во Лондон на 22 мај годинава, врз основа на потпишаната декларација за стратешко партнерство меѓу РСМ и ОК и е важен чекор напред во зајкнувањето на партнерството меѓу двете земји и унапредувањето на нивните заеднички интереси. Целта на овој договор е и консолидација и натамошен подинамичен развој на односите и соработката во однос на критичната инфраструктура, здравството, технологијата и енергетиката заради реализација на инфратсурктурни приоритетни проекти. Со Договорот на земјава ќе и се обезбеди кредитна линија од пет милијарди фунти на располагање за големи инфраструктурни железнички, транспортни, здравствени и енергетски проекти.

  • Списокот на проекти вклучува развој на модерна товарна и брза тарнспортна железница од Табановце до Гевгелија, инвестирање во здравството и изградба на нови болници, завршување на изградбата на Клиничката болница во Штип, изградба на нова зградаа за медицински факултет и студентски дом, изградба на болница и здреавствен дом во Кичево, реконструкција на клиничката болница во Тетово и развој на капацитетите за сајбер безбедноста и дигиталната трансформација на Владата на РСМ. Списокот на проекти на кои би се фокусирала меѓувладината соработка е приложен како анекс А кон овој Договор. Институцијата на ОК за финансирање на извозот планирано е да биде клучен дел од понудата со покриетие до пет милијарди фунди. Во натамошната постапка ќе бидат вклуечни и надворешни консултанти со цел усогласување на финансирањето и преминување во фазата на реализација на договорениот проект, рече Димитровски.

Тој додаде дека договорот кој се предлага да биде ратификуван не бара донесување нови или измена на постоечките закони и нема да предизвика потерба за дополнителни.

Во текот на расправата власта и опозицијата ги соочија аргументите за и против овој договор.

Од опозицијата обвинија за нетранспарентност во однос на Договорот, за презадолжување на земјата, како и дека ваквите договори се далеку од економска корист и претставуваат долгорочна закана за економската и политичка сувереност на земјата.

-За најголемите и важни договри кои најверојатно ќе ја обликуваат иднинта на нашата земја и во политичка и во екоеномска смисла треба да се однесуваме одговорно и целосно транспарентно. Жалам што Владата ја пропушти оваа шанса, рече пратеникот Митко Трајчулески од СДСМ.

Според него, со договорот, како што рече, се отвораат можности за нетранспарентни зделки и заобиколување на Законот за јавни набавки. Посебна загриженост, рече, предизвикува и ставот 2 од членот 2 од Договорот, кој вели: „ќе се олесни запознавање со британски деловни субјекти за поддршка на реализацијата на проектите“.

-Македонската јавност има право да знае – што значи оваа одредба? Дали се работи за веќе договорени изведувачи? Ако е така, тоа е во директна спротивност со Законот за јавни набавки и принципот на конкурентност. Каква е тогаш логиката министерката за финансии да тврди дека ќе се почитува домашното законодавство, истакна пратеникот на СДСМ.

Од владеачката коалиција пак со став дека договорот е транспарентно објавен и е тука пред пратеиците, за разлика како што беше посочено, од Договорот со Бехтел и Енка кој не беше претставен на јавноста бидејќи содржеше клаузила строго доверливо. Го оценија како историски за земјава затоа што преставува цврст темел за односите со една од најголемите светски сили и мотор на финансиите, науката и иновациите.

-И финансискиот договор и тој на истиот начин ќе биде усвоен – во Владата и во Собранието. Што е сега нетранспарентно, дали таа операција во која тука доаѓаше одној „циркузант“ од „црната листа“ која што вие го ставивте одговорен на тие проекти да ги води и кој пшто не навредувашпе или ова е нетранспарентно. Зошто и од каде таа потреба да го потрценувате овој народ. Понатаму каде тука има за мигарнтси кампови, дали во некој од 8-те члена е напишано тоа. Мојата омилена лага за овој договор дека е ова антиевропски договор, а истатата недела ЕУ склучи договор со ОК, рече Стојаноски.

Собранието продолжи со работа по точките од 52 седница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Помалку дипломирани студенти во 2024 година, повеќето од нив се жени
Следна Статија Србинка загина при пад со парасејлинг во Будва

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по повод Денот на полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција

Премиерот Христијан Мицкоски, на 7 мај, Денот на македонската полиција, порача дека задача на Владата е правдата мора да дојде…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Груби се жали на притворот

Најави дека ќе се врати во земјава, дека е чист како солза, но Артан Груби единствено што направи од странство…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски-Милановиќ: Стабилна и просперитетна Европа е невозможна без полноправно членство на целиот регион

Стабилна, просперитетна и интегрирана Европа е невозможна без полноправно членство на целиот регион, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски по денешниот работен…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повеќе од 15 години нема конкретна законска забрана за употреба на пиротехнички средства во објекти од затворен тип, утврди ДКСК

Повеќе од 15 години нема забрана за употреба на пиротехнички средства во обејкти и простории од затворен тип иако се…

April 15, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?