Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Собранието даде зелено светло за укинување на царините за стока од САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Собранието даде зелено светло за укинување на царините за стока од САД
ЕКОНОМИЈА

Собранието даде зелено светло за укинување на царините за стока од САД

Објавено June 25, 2025 13:31
Сподели
Сподели

Собранието го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за царински тарифи. Со изгласувањето на овие измени, Собранието даде зелено светло на планот на Владата за намалување на царинските давачки за голем број суровини и репроматеријали кои се клучни за домашната индустрија и енергетскиот сектор. Со предлогот се предвидува намалување до 50% на царинските стапки кои важат во ЕУ и се укинуваат царините за увоз на стоки со потекло од САД, изјави Љупчо Пренџов, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

Според него, овие мерки ќе имаат повеќеслојно позитивно влијание: намалени трошоци за производство, подобрена конкурентност на домашните компании на странските пазари и поттикнување на нови инвестиции и отворање нови работни места.

Како што рече, укинувањето на царините за стоки со потекло од Соединетите Американски Држави не е само трговска, туку и стратешка и дипломатска одлука – сигнал за нашата зголемена подготвеност за продлабочена економска соработка со стратешките партнери и поддршка за слободната и фер трговија.

„Со оваа законска измена македонските компании ќе бидат поконкурентни, цените на производството ќе се намалат, извозот ќе се зголеми, што директно ќе се одрази врз растот на националната економија“, рече Пренџов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Законот за правична застапеност обезбедува професионализам и компетентност на сите граѓани во Македонија
Следна Статија Работниците да не работат на отворено во период од 11 до 17 часот, ослободување од работа за бремените и лицата над 60 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски за „Катимерини“: Единствениот начин да се оди напред е преку создавање заеднички проекти кои ќе ги зближат двете земји уште повеќе

Во интервју за Катимерини, вицепремиерот и министер за транспорт на Македонија, Александар Николоски, ја истакна посветеноста на земјата за посилна…

October 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Вработените во администрацијата си одат – мора да им пораснат платите за 30%

Нема Министерство или институција во која досега одржавме состанок каде раководителите и менаџерите самите не се свесни дека ќе има…

January 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Вработените од „Паркови и зеленило“ на протест, бараат исплата на плата за август

Вработените од јавното претпријатие „Паркови и зеленило-Скопје“, како и од неговите фирми „Флораком“ и „Луна“ денеска организираа протест пред претпријатието…

September 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Банките во Македонија треба да се подготват за интегрирање во СЕПА од октомври

Пристапувањето кон СЕПА претставува историски напредок на патот кон Европската Унија и потврда за реформите што ги предводеше Народната банка…

May 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?