Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми
МАКЕДОНИЈА

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми

Објавено March 11, 2025 16:09
Сподели
Сподели

Собранието попладнево во рамки на 40. седница изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска и Селим Адеми, а претходно и на Весна Дамева.

Собранието гласа поединечни заклучоци според кои тие имале значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и придонеле за падот на довербата на граѓаните кон судството. Воедно, се наведува дека ја занемариле и не ја извршувале својата функција во работата на Советот, а поради изгласаната недоверба, го губат легитимитетот да учествуваат и одлучуваат во работата на Судскиот совет.

Павлина Црвенковска достави писмен одговор на интерпелацијата, но не ја образложи пред пратениците.

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ зборуваше во името на предлагачите, нагласувајќи дека Судскиот совет станал полигон за партиски инсталации и алатка за заштита на криминалот на СДСМ и ДУИ.

– Нашата држава, нашите институции и пред сè нашите граѓани заслужуваат правосуден систем што ќе биде симбол на правдата, транспарентноста и владеењето на правото. Судскиот систем мора да функционира како независен столб на демократијата, ослободен од политички, економски и какви било други влијанија што би можеле да ја компромитираат неговата основна мисија заштита на правата на граѓаните и обезбедување правична и ефикасна правда. Наместо да биде инструмент во рацете на моќниците, судството мора да биде гарант на правниот поредок и силен браник против злоупотребите и корупцијата, рече Ковачки.

Според него, сведоци сме на долгогодишни системски слабости, судски скандали и институционални неправилности кои сериозно ја поткопуваат довербата на граѓаните во правосудниот систем.

– Наместо да се гради правна држава во која сите се еднакви пред законите се почесто гледаме дека одредени структури уживаат заштита од одговорност додека обичниот граѓанин се соочува со бавни, неефикасни и често неправедни судски процеси, рече Ковачки.

За Црвенковска рече дека во минатото била шеф на кабинетот на поранешниот премиер Владо Бучковски и дека таа била „длабоко вкоренета во партиските структури“.

– Ова значи дека нејзиното дејствување во Судски совет не е резултат на стручност или независност, туку на политички договори и долгогодишни релации со партијата што ја поставила на одговорна позиција, рече тој.

Во тек е расправа за интерпелацијата на членот на Судскиот совет Тања Чачарова-Илиевска, а потоа ќе се расправа и за интерпелацијата поднесена за Миљазим Мустафа.

На седницата не присуствуваат пратениците од СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Изгласана интерпелацијата за Весна Дамева
Следна Статија Пренџов: Членот на Судски совет, Чачарова-Илиевска освен што била правна советничка на Заев, била и донатор на СДС во повеќе наврати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Оддадена почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

Во организација на здружението „Кочо Рацин“ од Белград, Македонците во Србија со положување цвеќе им оддадоа почит денеска во Костолачка…

November 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сите освен Панчевски ги исполнуваат условите да бидат нов Јавен обвинител

Советот на јавните обвинители денеска даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за државен јавен обвинител. Позитивно мислење добија…

February 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Затвореници биле на платен список во „Комунална хигиена“

Финансиска полиција го тресе работењето во „Комунална хигиена“ откако градоначалникот Орце Ѓорѓиевски обвини дека имало низа злоупотреба во ова јавно…

November 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Новитет: Автомобил ќе може да се регистрира низ цела држава, не само во близина на МЕСТО НА ЖИВЕЕЊЕ

Предлог-измените на Законот за возила, со кои се очекува да се олесни процесот на регистрација на возила, вчера го помина…

July 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?