Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Собранието ќе расправа денес за воведување една изборна единица и соодветна измена на изборниот закон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Собранието ќе расправа денес за воведување една изборна единица и соодветна измена на изборниот закон
МАКЕДОНИЈА

Собранието ќе расправа денес за воведување една изборна единица и соодветна измена на изборниот закон

Објавено June 12, 2025 09:05
Сподели
Сподели

Собранието на Република Македонија денес ќе расправа во врска со приспособувањето и дополната на изборниот закон, по скратена процедура презентиран од претседателката и пратеничка на Либерално-демократската партија Моника Зајкова за воведување на една изборна единица.

Во образложението за измените на Предлог-законот објавено на веб-страницата на Собранието, се наведува: “Воведување на една изборна единица – со цел да се постигне еднаква вредност на гласот на сите граѓани, без оглед на географската распределба; Воведување на преференцијално гласање – со цел да им се овозможи на избирачите поголемо влијание врз изборот на поединечни кандидати на изборните листи и да се зголеми одговорноста на избраните претставници; Поголема застапеност на помалите политички субјекти – преку правично претставување согласно реалната добиена поддршка на национално ниво; Јакнење на довербата во изборниот процес – преку транспарентност, правичност и зголемена отчетност на политичките актери; Унапредување на политичката инклузивност – преку создавање услови за подобра застапеност на жените, младите, лицата со попреченост и другите маргинализирани групи во законодавниот дом; Приближување кон меѓународните стандарди – преку имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР и усогласување со добрите европски практики за изборни системи”.

Како што е образложено, предложените законски решенија ќе дадат придонес кон зголемена инкорпорираност на граѓаните во изборниот процес, особено преку унапредување на можноста за учество на независни кандидати и граѓански иницијативи. “Воведувањето фиксен праг од 1,000 потписи за поднесување листа во рамки на изборната единица, како и продолжувањето на рокот за собирање потписи на 30 дена, ќе ги намали административните пречки и ќе создаде поправични услови за сите учесници, независно од политичка или финансиска моќ”. Со тоа се стимулира политичкиот плурализам и се овозможува поширок спектар на избор за граѓаните.

Воведувањето на пропорционален изборен модел со преференцијално гласање (т.н. отворени листи), во рамките на една изборна единица која ја опфаќа целата територија на Република Македонија, има за цел да ја зацврсти врската помеѓу избраните претставници и граѓаните. Со овој модел, гласачите не гласаат само за политичка листа, туку и директно го определуваат редоследот на кандидатите со давање преференцијални гласови, што овозможува поголема персонализација на политичката одговорност.

Истовремено, наизменичниот распоред на жени и мажи на листите и принципот на родов паритет ќе гарантираат праведна застапеност на половите. Овие мерки заедно ќе придонесат за повисока демократичност, транспарентност и доверба во изборниот процес, се вели во Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави на 2јуни 2025 година дека пратеничката група на ВМРО -ДПМНЕ ќе поддржи предлог за една изборна единица со право да гласа и дијаспората. „Јас и во парламентот дадов предлог да имаме една изборна единица со можност да гласа и дијаспората онаму каде што законите и Уставот на државите дозволуваат тоа да биде и надвор од дипломатско-конзуларните претставништва. Онаму каде што не дозволува во рамки на дипломатско-конзуларните претставништва, се сеќавам беше и тема на партиски дијалог пред неколку години, но за жал не се успеа тогаш да се направи поради тоа што не бевме подготвени. Но принципиелно, пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржиме една изборна единица во којашто право да гласа ќе има и дијаспората“, рече Мицкоски на 2 јуни 2025 година.

Тој потенцира не гледа причина зошто ова да не се случи до следните парламентарни избори доколку се направат подготвки на дипломатско-конзуларните претставништва. „До следните парламентарни избори имаме неколку години, така што еве ако навреме си ја фатиме работата можеме да ги подготвиме и дипломатско-конзуларните претставништва итн. Не гледам причина зошто тоа да не се случи“, рече Мицкоски.

И од Демократскиот сојуз најавија дека до Собранието ќе достават свои предлози за измени на Изборниот кодекс со цел воведување на една изборна единица, во кој пратениците можат да го надополнат и со забелешките на ОБСЕ и ОДИХР. Поддршка за отворање на широк дијалог околу измените на Изборниот законик за една изборна единица дадоа и Партијата за движење на Турците (ТПХ) и Демократска обнова на Македонија (ДОМ).

“Потребна е сеопфатна, инклузивна и транспарентна реформа, која ќе ја гарантира рамноправноста на сите граѓани – без разлика на бројноста на заедницата од која доаѓаат. ТХП ќе продолжи активно да се залага за изборен систем кој ќе ја одразува реалната мултиетничка структура на државата и ќе гарантира глас и претставеност на сите заедници во духот на вистинската демократија”, посочија тогаш од ТХП преку коминике.

Демократска обнова на Македонија (ДОМ), соопшти претходно дека со задоволство ја поздравува иницијативата за воведување на една изборна единица, но смета дека истата треба да биде проширена со воведување на пропорционален изборен систем, без праг, со отворени листи и со 50% застапеност на жени на листите. “Ова е предлог за кој ние со години се залагаме и за кој сме убедени дека е клучот за посуштинска демократизација и поправедно претставување на граѓаните во нашето Собрание”, потенцираа од ДОМ.

Пред пратениците во рамките на денешната пленарна седница се и 18 други точки за разгледување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рама: Албанија доби „зелено светло“ за отворање на Кластер 4
Следна Статија Славески: Не е срамота да се работи дополнителна работа за минимална плата, и јас работев во САД во супермаркет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на поплава или земјотрес, а во случај на пожар има само еден активен пилот

Дирекцијата за заштита и спасување, тешко ќе се справи со последиците при земјотрес, поплава или пожари. Ова е заклучокот од…

January 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Нашите деца нема да учат со насилник“: Целосен бојкот на наставата во ООУ „11 Октомври“

Нема место за насилник таму каде што учат нашите деца!“. „Нашите деца нема да учат со насилник“! „Со безбедноста на…

December 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Дедо Наце на 103 години одликуван за придонесот во НОБ

Во чест на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска го посети 103-годишниот Наце Петрушевски…

November 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Костенијада во Ново Село: Овие настани влијаат на развојот на руралниот туризам

Денеска сме на овој преубав настан на покана на градоначалникот на Општина Ново Село, се надевам дека ќе го збогатиме…

October 19, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?