Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Советниците од ДУИ во Град Скопје прво ги одбија, па потоа ги примија уверенија испишани двојазично
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Советниците од ДУИ во Град Скопје прво ги одбија, па потоа ги примија уверенија испишани двојазично
МАКЕДОНИЈА

Советниците од ДУИ во Град Скопје прво ги одбија, па потоа ги примија уверенија испишани двојазично

Објавено October 29, 2025 17:31
Сподели
Сподели

Тензично започна процесот на конституирање на новоизбраниот Совет на Град Скопје. Советниците од Демократската унија за интеграција (ДУИ) одбија да ги примат уверенијата за избор на советници, бидејќи, како што истакнаа, документите биле издадени само на македонски јазик.

Според нив, со тоа се прекршува Законот за употреба на јазиците, кој предвидува сите официјални документи во институциите да бидат издадени на двата службени јазици.

По реакцијата, за само неколку часа биле подготвени нови уверенија на македонски и албански јазик, кои потоа ги примиле и советниците од ДУИ.

Останатите членови на Советот, меѓу кои и новоизбраните претставници од коалицијата ВЛЕН, ги примија уверенијата без забелешки. Со ова формално започнува работата на новиот состав на Советот на Град Скопје.

Уверенијата се потпишани од претседателката на Изборната комисија на Град Скопје, Марија Мошев

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поради Задушница, в сабота нема да се одржи „Марш на ангелите“ во Кочани
Следна Статија Хрватската полиција со дронови почна да „лови“ несовесни возачи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

10 годишно дете гризнато од глушец во скопски Капиштец

Заразите повеќе не се само закана, Скопје го има првиот случај што го вклучува здравствениот аларм. 10 годишно дете е…

October 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопјани да не трошат вода бадијала, апелираат од Водовод

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата за пиење поради енормно…

August 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Државниот јавен обвинител ги отфрли обвинувањата дека вршел притисок врз виш јавен обвинител за бонусите на СЈО

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ги отфрла, како што вели, неоснованите тврдења за наводно мешање во предмет во кој повеќе…

October 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес во Валандово, почувствуван и во Струмица

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во…

July 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?