Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Државниот јавен обвинител ги отфрли обвинувањата дека вршел притисок врз виш јавен обвинител за бонусите на СЈО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Државниот јавен обвинител ги отфрли обвинувањата дека вршел притисок врз виш јавен обвинител за бонусите на СЈО
МАКЕДОНИЈА

Државниот јавен обвинител ги отфрли обвинувањата дека вршел притисок врз виш јавен обвинител за бонусите на СЈО

Објавено October 21, 2024 14:20
Сподели
Сподели

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ги отфрла, како што вели, неоснованите тврдења за наводно мешање во предмет во кој повеќе од еден месец постапувало Вишото јавно обвинителство Скопје.

– Од позиција на државен Јавен обвинител имав обврска, првпат после повеќе од четири години да извршам надзор над работата на Вишото јавно обвинителство Скопје, бидејќи до мене дојдоа информации и пресуди од Врховниот суд, кои укажуваат на можно нестручно работење на одредени јавни обвинители, како и пријави за закани, притисоци и недолично однесување кон вработени во обвинителството. Овие пријави се доставени и до Советот на јавните обвинители, наводите се документирани и имам обврска да ги проверам. Лажните тврдења за наводни притисоци почнаа веднаш по започнување на контролата, што само ми потврдува дека ја преземам исправната работа и од тоа немам намера да отстапам. Конкретниот предмет што се наведува воопшто не е предмет на контрола и се споменува само за да се издејствува политички притисок и да ме натера да се повлечам. Но, тоа во ниту еден момент нема да се случи!, вели Коцевски во реакцијата.

Додава дека кога ја презел функцијата јавен обвинител дал заклетва дека функцијата ќе ја врши чесно и одговорно и дека тоа и ќе го направи. Најавува дека сите сознанија до кои ќе дојде по извршената контрола ќе ги објави веднаш по завршување на соодветните постапки предвидени во Законот за јавното обвинителство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) 70 пожарникари гаснат пожар во висока зграда, жителите евакуирани: драма во Лондон
Следна Статија Борозан нападнат од кучиња скитници, неизвесен за натпреварот со Порто

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од…

October 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес е роденденот на Методија Андонов – Ченто: Симбол на македонската борба за слобода

На 17 август 1902 година во Прилеп е роден Методија Андонов – Ченто, значајна фигура во македонската историја и прв…

August 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Ми ги следат децата“: Претседателот на ССМ ги обвини власта и пратеничката Дафина Стојаноска за големи злоупотреби

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска обвини дека е следен тој лично, а што е најлошо,…

February 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Досега евакуирани 380 македонски државјани од Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи  информира дека досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот…

March 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?