Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Советот на јавни обвинители се „пере“ за домашниот притвор на Груби
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Советот на јавни обвинители се „пере“ за домашниот притвор на Груби
МАКЕДОНИЈА

Советот на јавни обвинители се „пере“ за домашниот притвор на Груби

Објавено February 26, 2026 18:13
Сподели
Сподели

Повисокото јавно обвинителство го врши надзорот над законитото постапување на јавните обвинители и Советот на јавни обвинители во оваа фаза на постапката нема надлежност да врши надзор, објави Советот на јавни обвинители на РСМ, по јавната прозивка од министерот за правда Игор Филков да свика итна седница и да го разгледа постапувањето на јавните обвинители во случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби.

Советот на ЈО, во соопштение објавено на својата веб страница, посочува дека согласно член 28 од Законот за јавното обвинителство, повисокото јавно обвинителство е тој што го врши надзорот.

-Во интерес на транспарентноста на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, а по повод јавната прозивка од министерот за правда на РСМ упатена до Советот да свика итна седница и да го разгледа постапувањето на јавните обвинители во случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби, за да утврди дали постои одговорност кај јавните обвинители, ја информираме јавноста дека Советот во оваа фаза на постапката нема надлежност да врши надзор над законитото постапување на јавните обвинители, а согласно член 28 од Законот за јавното обвинителство, повисокото јавно обвинителство е тој што го врши надзорот – стои во соопштението од Советот на јавни обвинители.

 

Министерот за правда Филков, завчера јавно ги повика сите одговорни за одредувањето мерка куќен притвор за поранешниот вицепремиер Груби нагласувајќи дека одговорноста за ваквата одлука мора да биде лоцирана со име и презиме. Тој ги повика Судскиот совет и Советот на јавните обвинители итно да свикаат седници, да го разгледаат овој случај и да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и кај јавниот обвинител. Филков побара појаснување од јавниот обвинител Даниел Коцев, раководителот на Обвинителството, Анел Фидоски и од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, Марин Станевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Xbox CEO Asha Sharma — “This team has brought it back before, and I’m here to help us do it again.” – Windows Central
Следна Статија Sony Goes Silent on Social Media for Over 72 Hours as Fans Turn Feral Following Bluepoint Closure – Push Square

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: На маса ставен е предлог за мир во Украина, тоа е новата геополитичка слика

Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски во синоќешното своето гостување во Дневникот 2 на МРТВ истакна дека на…

February 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Невреме со пороен дожд и грмежи, граѓаните да бидат внимателни

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метео аларм поради најавени нестабилни временски услови што ќе ја зафатат земјата во текот…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

АНКЕТА: Политички партии намерно предизвикуваат меѓуетнички тензии со цел да спречат борба против криминалот

Во периодот од 1 до 4 февруари 2025 година, во рамките на платформата „ОМНИБУС“ беше спроведена телефонска анкета на репрезентативен…

February 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Миноски: Како да изградиме институции во служба на граѓаните?

„Вистинскиот тест за една демократија не е во зборовите, туку во квалитетот на нејзините институции и нивната способност да му…

September 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?