Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сопругата починала една недела пред актерот: Познати причините за смртта на Џин Хекман и Бетси
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Сопругата починала една недела пред актерот: Познати причините за смртта на Џин Хекман и Бетси
ЗАБАВА

Сопругата починала една недела пред актерот: Познати причините за смртта на Џин Хекман и Бетси

Објавено March 8, 2025 12:00
Сподели
Сподели

Легендарниот актер Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава починале од природни причини во рок од една недела, покажа истрагата на медицинските власти на Ново Мексико.

Хекман (95) починал во својот дом во Санта Фе од срцево заболување потпомогнато од Алцхајмеровата болест во напредна фаза, додека Аракава (65) починала од хентавирусен белодробен синдром, респираторно заболување предизвикано од изложеност на заразени глодари. И нејзината смрт е означена како природна.

Властите веруваат дека таа починала една недела пред Хекман, со кого беше во брак повеќе од 30 години.

„Веруваме дека Аракава починала на 11 февруари и разумно можеме да заклучиме дека Хекман починал на 18 февруари“, изјави Хедер Џарел, шефицата на канцеларијата за медицински истраги на Ново Мексико.

Аракава последен пат била видена во јавност на 11 февруари, кога била во дуќан, аптека и продавница за домашни миленици, пред да се врати дома во раните вечерни часови.

„Имајќи предвид дека Хекман имал напредна фаза на Алцхајмеровата болест, доста е можно дека тој не ни бил свесен дека неговата сопруга починала. Хекман имал и значајно срцево заболување и хронично висок крвен притисок и тоа веројатно ја предизвикало неговата смрт. Тој не јадел ништо во последните денови, но не се пронајдени знаци на дехидрација“, додаде Џарел.

Главната ветеринарка на Ново Мексико Ерин Филипс изјави дека заразите со хентавируси се многу ретки. Тие се пренесуваат преку контакт со измет, урина или плунка на глодари, најчесто кога се вдишува контаминирана прашина. Хекман имал негативен тест на хентавирус.

Хекман и Аракава беа пронајдени мртви на 27 февруари, откако маалското обезбедување дошло да провери дали се добро. Нивните тела веќе биле во состојба на распаѓање. Телото на Хекман било во претсобјето, а на Аракава во бањата. И едно од нивните три кучиња е најдено угинато покрај Аракава. Причината за неговата смрт уште не е утврдена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопје маршира за женски права: „Нека јадат ружи!“
Следна Статија Мицкоски за субвенциите: Буџетот е како никогаш досега, долговите од минатото се вратени, тековни се исплатите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ВИДЕО) Голема огнена топка го осветли небото над Бразил, никој не знае за што станува збор

Огнена топка го осветли небото над Бразил вчера вечер, чие потекло сè уште е непознато. Како што објави порталот g1…

May 15, 2025
ЗАБАВА

Го преболе Бастијан: Ана Ивановиќ се заљуби во тренерот

Ана Ивановиќ експресно го преболе Бастијан Швајшајгер. Како што пишуваат српските медиуми, поранешната тенисерка е заљубена во личниот тренер Фран…

August 21, 2025
ЗАБАВА

Oваа жена Аркан ја замени со Цеца

Командантот на српската доброволна гарда, Жељко Ражнатовиќ Аркан, беше убиен пред 25 години во хотелот Интерконтинентал кога беше застрелан од…

February 6, 2025
ЗАБАВА

Гулаб продаден за 400 000 евра- го купил Кинез

Еден од највредните белгиски гулаби, „Нов Ким 3“, беше продаден на онлајн аукција за 400.000 евра, што го прави трет…

November 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?