Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со секира го искршиле стаклото од кафулето, па со бензин го запалиле: обвинение против тројца за намерно предизвикување пожар во Кисела Вода
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Со секира го искршиле стаклото од кафулето, па со бензин го запалиле: обвинение против тројца за намерно предизвикување пожар во Кисела Вода
ХРОНИКА

Со секира го искршиле стаклото од кафулето, па со бензин го запалиле: обвинение против тројца за намерно предизвикување пожар во Кисела Вода

Објавено February 22, 2025 09:11
Сподели
Сподели

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против вкупно три лица кои се товарат дека како соизвршители сториле – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Тројцата обвинети, во раните утрински часови на 13.11.2024 година, со пожар предизвикале значителна опасност за животот или телото на луѓето, така што опожариле кафе бар во станбена зграда на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје. Притоа на запалениот објект предизвикале и имотна штета од поголема вредност проценета на 362.161 денари.

Со автомобил „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од еден од обвинетите, пристигнале во близина на кафе барот. Додека тој обвинет останал да чека во возилото, останатите двајца отишле до деловниот простор. Едниот од нив со секира го скршил лизгачкото стакло од кафе барот, а другиот со бензин запалил оган. Потоа сите тројца соизвршители заедно со возилото заминале од место на настанот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Џеј Ди Венс: Преговараме за крај на војната, тоа не е попуштање пред Русите
Следна Статија Расте долгот на граѓаните кон банките – повеќе од четири милијарди евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

По реакциите во јавноста, преиначена е одлуката: Во притвор оди мотоциклистот кој го усмрти Југослав и избега

Кривичниот совет ја преиначи одлуката на судија на претходна постапка и определи мерка притвор наместо куќен притвор на обвинетиот Ф.Љ,…

July 7, 2025
ХРОНИКА

Пиштол и куршуми пронајдени при претрес во домот на 23 годишно момче од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило…

July 20, 2025
ХРОНИКА

Во Тетово и тетовско, приведени 30 странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престо

На 09/10.08.2025 во периодот од 23:30 до 02:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Националната единица за…

August 10, 2025
ХРОНИКА

Уапсен велешанец -возел со 109 километри на час во место каде е дозволено до 40

На улица „Вардарска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес, вчера во 08:12 часот го лишиле од слобода 24 годишниот…

November 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?