Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со фантомки и пластични пиштоли одзеле 650 илјади денари од „Нептун“- обвинение за две лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Со фантомки и пластични пиштоли одзеле 650 илјади денари од „Нептун“- обвинение за две лица
ХРОНИКА

Со фантомки и пластични пиштоли одзеле 650 илјади денари од „Нептун“- обвинение за две лица

Објавено March 25, 2025 13:53
Сподели
Сподели

Скопското јавно обвинителство покрена обвинение за две лица за разбојништво направено во продавницата за бела техника „Нептун“ во Градскиот стадион во Скопје, од каде под закана со лажно оружје одзеле над 650 илјади денари.

– Двајцата обвинети, на 29.11.2024 година, со електрични тротинети дошле до продавница за бела техника „Нептун“ во Градскиот стадион, маскирани со маски, шалови, качулки и ракавици, како и со пластични пиштоли во рацете. Едниот од нив на појасот носел и рачно изработена направа од два факли – пиротехника. Влегле во продавницата во која во моментот имало повеќе возрасни вработени лица и купувачи, како и три деца, па на присутните им се заканиле со наводното оружје. Од продавницата, под закана дека ќе нападнат врз животот и телото на присутните, одзеле 554.146 денари и уште 43 ваучери во вкупна вредност од 115.000 денари. Обвинетите потоа ја напуштиле продавницата, меѓутоа во непосредна близина биле затекнати од полициски службеници кои ги уапсиле, информираат од Републичкото јавно обвинителство.

Заедно со поднесеното обвинение јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Навивачите на Велс почнаа акција за собирање средства за семејствата на настраданите во Кочани!
Следна Статија Наплаќале 24/7 обезбедување на патарини а обезбедувале само прва смена, злоупотреби при јавни набавки во Државни патишта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Борче Марковски сепак оди во ефективен притвор

Предлогот на Основното јавно обвинителство Битола е прифатен од Кривичниот совет на Основниот суд во Битола и на осомничениот сопственик…

October 11, 2025
ХРОНИКА

Уапсен скопјанец, дома имал кокаин за продажба

Полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера вечерта направиле рација во домот на 43-годишниот скопјанец Т.Б.…

March 14, 2026
ХРОНИКА

Или ќе бидеш моја, или ќе бидеш мртва- Росица сведочела за заканата од Илија

Убиената Росица Коцева од Велес, во Основното јавно обвинителство во Велес, неколку дена пред да биде убиена дала исказ во…

September 16, 2025
ХРОНИКА

Малолетник заврши во болница поради петарди

На 04.01.2025 година во СВР Куманов лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив со повреди бил донесен малолетник.…

January 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?