Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со што е уценет Таравари, па како млада невеста постојано ја прекинува свадбата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Со што е уценет Таравари, па како млада невеста постојано ја прекинува свадбата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

Со што е уценет Таравари, па како млада невеста постојано ја прекинува свадбата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено August 30, 2025 16:38
Сподели
Сподели

Арбен Таравари, лидерот на крилото на Алијанса за Албанците, постојано ја менува приказната како што му одговара, па двапати влезе и излезе од владината коалиција, како млада невеста што постојано ја прекинува свадбата, реагираат денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ откако претходно од неговата партија обвинија дека злото на ВЛЕН доаѓа од нивните владини партнери, како ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Српската демократска партија на Иван Стоилковиќ, а не од албанската опозиција.

„Денеска ВМРО-ДПМНЕ му е злото, а пред само два месеци со истото тоа ВМРО-ДПМНЕ гордо седеше во Владата“,се вели во писмената реакција од владејачката партија.

Оттаму прашуваат со што е уценет Таравари и уште колку пати ќе ја продава истата приказна.

Според партијата, вистинското зло не е ВМРО-ДПМНЕ, туку неговото лицемерие и двојниот стандард, зашто секогаш кога не добива функција, веднаш го прогласува партнерот за виновен.

„Таравари или не знае што зборува или знае, ама намернио ја менува плочата за да си го оправда влезот и излезот од коалицијата“,пишува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочија и неколку факти за политичкото дејствување на Таравари од февруари 2024 година, па досега.

Така, велат дека во февруари 2024 година Таравари самиот изјави оти ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го гледале неговиот блок како посакуван партнер. Призна дури и оти од Али Ахмети добивал неодоливи понуди за прв албански премиер и претседателски кандидат.

Во јуни 2024 година, Владата е изгласана со партнерство на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на опозициските партии на Албанците – ВЛЕН, а во мај следната година, Алијанса за Албанците на Таравари ја нашушти коалицијата ВЛЕН со образложение за наводни неисполнети ветувања. Сепак, дел од неговата партија остана во Владата.

Од ова, според владејачката партија, може да се заклучи дека проблемот не е идеологијата, туку можеби во уцена.

Од Алијанса за Албанците (АА) на Арбен Таравари денеска посочија дека злото на ВЛЕН не е албанската опозиција, туку нивните владини партнери, како ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Српската демократска партија на Иван Стоилковиќ.

Велат дека дискриминацијата и деградацијата на Албанците се случува пред очите на функционерите на партиите на Албанците во власта, а тие на тоа не реагираат, ниту, пак, преземаат одговорност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Силен пожар се шири од Нерези кон Водно
Следна Статија Туфегџиќ: Службите следеле политичари и новинари, а не криминални групи што планирале ликвидации

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Предвремени избори по локалните нема да има, ДУИ џабе се надеваат

Премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со медиумите истакна дека коалицијата што ја предводи ќе има убедлива победа на локалните избори,…

September 19, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Јавното обвинителство да не се осмелува да го штити Филипче и да отвори истрага за него за Модуларната во Тетово

Пет дена презентираме сознанија за вистината за Модуларната болница, кои до нас дојдоа од свиркачи, а според информациите кои ние…

June 5, 2025
ПОЛИТИКА

Да не остане „покус“ од Мијалков, Дрин Ахмети вози „Ролс Ројс“

Слободата на Сашо Мијалков не му ја донесе дедомраз, туку Артан Груби со дозвола на дедото од Зајаз. Така, Али…

January 16, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО го спроведува планот за раситнување на опозицискиот блок

Проектот ЗНАМ, сателит партијата на ВМРО, се дели и веќе бидејќи е целосно маргинализирана со што заочнува планот за раситнување…

January 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?