Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Спонзорот на Шкендија најави повлекување, од ФФМ порачаа: „Правилата важат за сите“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Спонзорот на Шкендија најави повлекување, од ФФМ порачаа: „Правилата важат за сите“
СПОРТ

Спонзорот на Шкендија најави повлекување, од ФФМ порачаа: „Правилата важат за сите“

Објавено June 5, 2026 18:22
Сподели
Сподели

Спонзорот на фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово, компанијата „Еколог“ објави соопштение во кое остро реагира на одлуката на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) да го казни тетовскиот клуб со вкупно 105.000 евра и исклучување од учеството во Купот на Македонија за сезоната 2026/2027. Во соопштението се бара од ФФМ таквата казна итно да биде преиспитана и корегирана.

Спонзорот на Шкендија наведува дека клубот отсекогаш бил пример за сериозност, коректност и целосно почитување на спортските и финансиските обврски, правејќи големи жртви низ годините. Тие ја оценуваат одлуката на ФФМ како неприфатлива и скандалозна и предупредуваат дека размислуваат целосно да го повлечат клубот од македонскиот фудбал доколку одлуката не биде корегирана.

Шкендија е клуб кој со своите достоинствени настапи во Европа го зголеми коефициентот на лигата, од што корист имаат сите локални клубови и благодарение на тоа, од следната година, нашиот фудбал ќе има дополнително место во европските купови. Ваквиот пристап нè принудува да ја разгледаме можноста за повлекување од клубот, односно од фудбалот во Cеверна Македонија“, се наведува во соопштението.

Оттаму додаваат дека доколку ФФМ не ја повлече одлуката, тие како спонзори на Шкендија сериозно ќе ја разгледаат оправданоста за натамошно продолжување на поддршката, со оглед на тоа што, како што наведуваат, оваа одлука ги нарушува правата и политиките на клубот.

Очекуваме органите на ФФМ итно да реагираат и да ја преиспитаат одлуката, во интерес на спортската правда, клубот и иднината на фудбалот воопшто“, се вели во реакцијата на спонзорот на ФК Шкендија.

Од Фудбалската федерација на Македонија денес излегоа со соопштение во кое најавија дека правилата се исти и важат за сите, без разлика за кој клуб се работи и кој е неговиот спонзор.

Во продолжение комплетното соопштение од ФФМ.

„Со жалење констатираме дека ФК Шкендија наместо да преземе одговорност за инцидентите што се случија на финалниот натпревар од Купот на Македонија, повторно сме сведоци на обид вниманието да се пренасочи кон ФФМ и нејзините одлуки.

Никакви уцени, притисоци или закани нема да ја поколебаат Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во намерата да стави крај на дивеењето на трибините, без разлика од кого доаѓа. Почитувањето на противникот, навивачите, законите и државните симболи е обврска за сите и нема да има исклучоци. Правилата мора да важат подеднакво за секој клуб, за секој поединец и за секој субјект во македонскиот фудбал.

Настапите и финансиската корист од пласманот во европските натпреварувања не се обезбедени преку која било друга држава или федерација, туку преку учеството и успесите во македонското првенство и натпреварувањата организирани од ФФМ. Сите привилегии, придобивки и финансиски бенефити што ги уживаат клубовите се резултат на учеството во македонскиот фудбалски систем и натпреварувањата во рамките на ФФМ.

Уште понејасно е како денес се оспорува начинот на водење на Федерацијата, кога токму со истото тоа раководство клубот минатата сезона ја освои шампионската титула и оствари историски резултати на европска сцена. Ако тогаш системот бил добар и праведен, тешко е да се објасни зошто денес е проблематичен само затоа што е донесена одлука што некому не му одговара.

Од првиот ден, новото раководство и претседателот на ФФМ подадоа рака за соработка кон сите клубови и чинители во фудбалот. Намерата беше да се градат партнерски односи, меѓусебна доверба и заедничка визија за развој на македонскиот фудбал. За жал, од раководните структури на Шкендија во повеќе наврати добивме арогантен, самобендисан и потценувачки однос, кој не придонесува за градење партнерство и меѓусебна почит. Но, тој избор е нивен. Иако, би било добро да знаат дека ароганцијата понекогаш се враќа како бумеранг.

Во однос на најавите за можно повлекување на спонзорот, тоа е нивна деловна одлука и ФФМ ќе ја почитува. Но, никој не треба да очекува дека преку такви пораки ќе влијае врз одлуките на Федерацијата или нејзините органи.

Правилата се исти за сите клубови, без разлика како им се вика спонзорот, колкава е неговата финансиска моќ или какво влијание некој верува дека поседува. Потенцирањето на името на спонзорот во соопштенија, јавни настапи и заеднички состаноци не го фасцинира ова раководство на Федерацијата, ниту претставува аргумент што може да влијае врз дисциплинските одлуки. Интересно е што и последното соопштение беше подготвено и објавено во доцните вечерни часови, во стил кој очигледно треба да демонстрира сила и важност, „типично за голем клуб“. Но, големината на еден клуб не се докажува со соопштенија, притисоци или повикување на финансиска моќ, туку со одговорност, достоинство, скромност и почитување на правилата.

Нема повеќе како досега. Завршено е времето кога некој можеше да верува дека неговата позиција, влијание или финансиска поддршка му обезбедуваат поинаков третман. Денес важи само еден принцип. Исти правила за сите. Тоа е основата на спортската правда и единствениот пат по кој ќе се движи ФФМ.

Со ова ја сметаме темата за затворена. Интегритетот на натпреварувањата, почитувањето на законите, достоинството на спортот и еднаквиот третман за сите остануваат принципи од кои ФФМ нема да отстапи. Правилата ќе важат за сите, вклучително и за ФК Шкендија и за нејзиниот спонзор. Без исклучок“, велат од ФФМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Путин: Бесмислица е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина
Следна Статија (ВИДЕО) Доналд Трамп „дремеше“ во Овалната соба и се најде на мета на критики

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

„Мечка“ ветува дека ќе дадат максимумот против Монпеље

Ракометарите на Вардар вечерва го играат реванш четвртфиналето од Лига Европа. Во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ гостува францускиот преставник…

May 5, 2026
СПОРТ

Kрај на европскиот сон за Шкендија

Фудбалерите на Шкендија загубија вечерва на гостински терен од Самсунспор со 4-0 во реванш натпреаврот од плејофот во Конференциската лига…

February 26, 2026
СПОРТ

Panorama All Seasons Adventure домаќин на Krushevo MTB Challenge

Од 16 до 18 мај, најголемиот адреналински парк во Македонија ќе биде домаќин на маратонот за планински велосипедизам Krushevo MTB…

May 11, 2025
СПОРТ

(Видео) Кари и Батлер за триумф на Голден стејт во Хјустон

Голден Стејт Вориорс со брејк во Хјустон ја отворија четвртфиналната серија во плеј-офот во НБА лигата. Вориорс победија со 95:85…

April 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?