Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Спречени обиди за криумчарење облека, парфеми и суплементи за миленици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Спречени обиди за криумчарење облека, парфеми и суплементи за миленици
ХРОНИКА

Спречени обиди за криумчарење облека, парфеми и суплементи за миленици

Објавено March 11, 2025 13:22
Сподели
Сподели

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока. Спречени обиди за криумчарење облека и парфеми со потписи на познати трговски марки, суплементи за миленици.

– 636 парчиња облека со ознаки на заштитени трговски марки се откриени од мобилен царински тим, при контрола на камион со македонски регистарски таблички натоварен со стока со потекло од Турција. Случајот е откриен при длабинска контрола на товарно моторно возило извршена во царинскиот терминал Скопје 4.

– 4,32 килограми и 1.17 литри (75 пакувања) разни суплементи за домашни миленици (Multivit, Ascoraid, Petimmun Plus, Dentalcare, O2 Care Plus, Milk Thistle, Retino – A Plus, Derma Zn, Bladdercontrol и други), се откриени од мобилен царински тим при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички на влез во државата на граничен премин Блаце.

20 инјекции за домашни животни ENZAPROSТ T од 50ml, се откриени од страна на Службата за мобилни скенери, при контрола на камион на влез во државата на граничен премин Табановце. Инјекциите се пронајдени на креветот во кабината на камионот.

– 16 парфеми Versace, Paco Rabanne, Cacharel, Calvin Klein и други, се откриени од царински службеници на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на патни торби на турски државјанин кој допатувал со лет од Турција.

Во пет случаи запленети се делови за автомобили во вкупна вредност од над 200 илјади денари откриени од царински мобилни тимови и царински службеници, од кои во два случаи во соработка со МВР.

– Три комплети глава за мотор со вентили и работилка и две коленести вратила за патнички возила се откриени од страна на царински мобилен тим при контрола на автобус управуван од македонски државјанин на граничен премин Табановце.

– Во два случаи мобилни тимови запленија 20 комплети употребувани алуминиумски и челични бандажи со гуми. Случаите се откриени во соработка со Министерството за внатрешни работи, по извршена контрола на  камиони на патниот правец Табановце – Куманово.

– Царински службеници во царинска испостава Ново Село  при контрола на товарно возило и приколка пријавени за увозно царинење открија бандажи и гуми за патнички возила, кои не биле опфатени со царинските документи.

– Во друг случај царинските службеници на влез на граничен премин Ново Село спречија криумчарење на 164 парчиња разна стока меѓу којашто и автоделови, облека, алати, козметика, средства за лична хигиена и друго. Непријавените производи се пронајдени во просторот за палети на камион со бугарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин.

Мобилен царински тим заплени 39 комплети машки тренерки откако истите се пронајдени во патните торби на македонски државјанин, при контрола на автобус на  влез во државата на граничниот премин Богородица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари: Нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“
Следна Статија Вучиќ се сретна со синот на Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Изврши убиство по филмска брканица низ Скопје: Кој е Ацо Боцевски – Циганот, уапсен во Грција по 27 години бегство

Во јавноста како бомба одекна веста дека в Грција е уапсен Ацо Боцевски, познат под прекарот „Циганот“, македонски дрзхавјанин кој…

May 26, 2025
ХРОНИКА

61-ва жртва на трагедијата во Кочани

61-ва жртва на трагедијата во Кочани, почина уште еден пациент кој бил на лекување во Литванија. Тој им подлегнал на…

April 7, 2025
ХРОНИКА

Скопјанец со „мерцедес“ му го прегазил стапалото на полициски службеник

Во СВР Скопје, синоќа околу 20.05 часот е пријавено дека на крстосницта од бул.„Илинден“ со ул.„Бледски договор“ во Скопје, патничко…

June 5, 2025
ХРОНИКА

Шестмина малолетници меѓу загинатите во дискотеката во Кочани, најмладите имаат само 16 години – Објавена возраста на сите жртви

Основното јавно обвинителство информираше за возраста на трагично загинатите 59 лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Податоците се…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?