Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поведена постапка против 24-годишникот за тешката сообраќајка во Скопје во која загина мотоциклист
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Поведена постапка против 24-годишникот за тешката сообраќајка во Скопје во која загина мотоциклист
ХРОНИКА

Поведена постапка против 24-годишникот за тешката сообраќајка во Скопје во која загина мотоциклист

Објавено March 15, 2025 18:52
Сподели
Сподели

Поведена е постапка против 24-годишниот возач за тешката сообраќајка што се случи синоќа на ул.„Ацо Шопов“ во Скопје во која загина мотоциклист.

Како што соопшти ЈОРСМ, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Вчера попладне осомничениот управувал автомобил „Фиат Панда“ со скопски регистарски ознаки и на улицата “Ацо Шопов” со возилото се движел зад автомобил „Пежо 2008“. Меѓутоа, не ги почитувал надолжните ознаки на коловозот, односно надолжно обележана бела полна линија и со возилото преку полната линија започнал да го престигнува автомобилот „Пежо”, управувано од друга учесничка. Спротивно на прописите за безбедност на сообраќајот, осомничениот преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока, па директно се судрил со мотоцикл „Сузуки“ кој доаѓал од другата страна. Возачот на мотоциклот управувал без возачка дозвола и со неприлагодена брзина, а по сударот со телото удрил во плетена жичана ограда и паднал на коловозот. Од ударот се здобил со тешки телесни повреди и починал на КАРИЛ, се наведува во соопштението од ЈОРСМ.

По наредба на јавен обвинител, веднаш по настанот, се додава, земени биле примероци од крв на сите тројца учесници во сообраќајната несреќа, при што кај осомничениот и другата учесничка не е утврдено присуство на алкохол или други опојни средства, додека присуство на алхохол во крв од 0,56 промили е евидентирано само кај сега починатиот мотоциклист.

-Со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, како и привремено одземање на возачка дозвола, односно забрана за нејзино издавање, стои во соопштението.

Осомничениот 24-годишен возач, синоќа беше приведен од полициски службеници од Скопје поради предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици. Како што соопшти МВР, возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската опшата болница „Св.Наум Охридски“ Скопје и по укажаната помош во 01.00 часот на подрачјето на Центар бил лишен од слобода.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маж пронајден починат покрај опожарено товарно возило со приколка на автопатот Велес-Скопје
Следна Статија “Демократски“ студент го покажа „алатот“ на протестите во Белград

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тошковски: 51 жртва во трагедијата во Кочани, над 100 повредени

Педесет и едно лице загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, изјави министерот…

March 16, 2025
ХРОНИКА

Две лица се обиделе да изнудат 5.000 евра од стоматолог, му се заканувале со видео клип

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело…

March 8, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Објавена снимка од вечерашното пукање во кафуле во Штип

Штипската телевизија Стар на својата Фејсбук страница објави снимка од вооружениот инцидент кој се случил вечерва во кафуле во Штип…

May 8, 2025
ХРОНИКА

Предложен притвор за скопјанката која удрипешак и побегна

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против една осомничена за кривично дело – Загрозување на безбедноста на…

February 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?