Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Спречен е нелегален увоз на над 40 тони јајца од Србија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Спречен е нелегален увоз на над 40 тони јајца од Србија
МАКЕДОНИЈА

Спречен е нелегален увоз на над 40 тони јајца од Србија

Објавено March 29, 2026 10:28
Сподели
Сподели

Над 40 тони необележени јајца од Србија се уништени на депонијата Дрисла, откако инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во координација со Царинската управа, спречија обид за нивен нелегален увоз во земјава.

Акцијата била спроведена на граничниот премин Табановце, каде по детална контрола биле откриени вкупно 572.400 свежи јајца, скриени зад првите палети со уредно декларирана стока. Во едната пратка биле пронајдени 270 илјади, а во другата 302.400 необележани јајца.

 

– Advertisements –

 

Според АХВ, постоеле индиции дека овие производи требало дополнително да се обележат и лажно да се пласираат како домашно производство, со што би се загрозиле и потрошувачите и конкурентноста на македонските производители.

 

„Благодарение на брзата, стручна и одлучна реакција, спречена е сериозна измама и потенцијален ризик за потрошувачите“, информираат од АХВ.

Вкупната количина од 40 тони и 410 килограми јајца е прогласена за небезбедна и уништена.

Од АХВ најавуваат дека за вклучените субјекти ќе бидат изречени соодветни мерки, како и дополнителни проверки на нивното досегашно работење.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Мислеше дека нема да ми го бакнува задникот“- Трамп со понижувачка изјава за принцот Мохамед бин Салман
Следна Статија Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром ќе ги зголеми капацитетот и квалитетот на патувањата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Борбата против инсталациите на СДСМ и ДУИ ќе биде долга, исцрпувачка и жестока, но македонските граѓани ќе ја добијат заслужената правда

„Што се однесува до одлуката и коментарот на Државната комисија за спречување на корупцијата можам да кажам дека инсталациите на…

November 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонија под топлотен бран, и денеска до 42 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен…

July 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Со партнерството со САД, македонскиот народ стана посилен, послободен и поуспешен

Тридецениското партнерство меѓу Македонија и САД му помогна на македонскиот народ да стане посилен, послободен и поуспешен, истакна министерот за…

September 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Три пожари активни во моментов, деновиве од 20 до 30 пожари на отворен простор

Генерално, во текот на денот, деновиве, имаме по најмалку 20, па некаде до кај 30 пожари на отворен простор, некои…

August 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?