Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро
ХРОНИКА

Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Објавено April 16, 2025 18:04
Сподели
Сподели

На граничен премин Богородица мобилен тим спречи обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик.

Случајот е откриен од мобилен царински тим кој на влез во државата на граничен премин Богородица при контрола на камион со стока од Турција наменета за македонска фирма, во фабричките празнини пронајде непријавени 1.944 парчиња сребрен накит со тежина од 5,4 килограми и две сребрени плочки со тежина од еден килограм. Дополнително во сандакот за алат под долниот кревет и под возачкото седиште биле пронајдени и 20 штеки цигари, меѓу кои Малборо и Мурати.

Имено, сторителот откако ја натоварил стоката во Истанбул, се договорил да преземе две ќеси сребро и да го пренесе во Скопје за одреден надомест. Истите ги скрил во делот на фиоките кај совозачкото седиште и во делот на возачкото седиште позади пластиките кај електрониката, по што се упатил кон нашата држава.

Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги за понатамошна постапка.

Мобилни царински тимови во два случаи спречија обид за шверц на 220 комплети алати меѓу кои пили и циркулари.

Првиот случај е откриен при контрола на стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Скопје, која била пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. Поради сомневање е извршена контрола на стоката при што биле пронајдени 192 комплети со рачен алат и 40 моторни пили, кои не биле опфатени со царинските документи.

Вториот случај е откриен на влез во државата на граничен премин Табановце при контрола на автобус кој сообраќал на редовна линија Италија – Македонија при што во патните торби на еден од патниците биле пронајдени дури 28 парчиња употребуван електричен алат и полначи.

Македонски државјанин преку граничен премин Табановце се обидел во државата да криумчари дури 250 парчиња икони. Во обидот е спречен од мобилен царински тим кој при контрола на автомобилот на различни места ги откри непријавените икони.

Царински службеници од царинска испостава Скопје 3 запленија 5.475 кутии за школски прибор со ознаки на заштитени трговски марки поради основано сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приведените албански илегалци биле фатени во објект на екс шеф на тајна служба и бизнисмен
Следна Статија Меџити: Не го исклучивме Таравари од ВРЕДИ, тој се самоисклучи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Детали: Докторката офталмолог барала 100 евра за операција за отстранување на катаракта

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6…

July 17, 2025
ХРОНИКА

Две лица загинаа во сообраќајка кај Катланово

Две лица се загинати во страшна сообраќајна несреќа во тунелот кај Катланово, на автопатот Скопје-Велес. Според информациите на ТВ 21,…

October 16, 2024
ХРОНИКА

Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско

Во Штип се одвива голема акција на Шумската полиција против дивата сеча, објави на својот Фејсбук профил, заменик-директорот на ЈП…

March 13, 2025
ХРОНИКА

Има простор за построга казна на убиецот на Теодора: ОЈО ја обжали пресудата на судот во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово изјави жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово од 07.04.2025 година со која обвинетиот М.П.…

April 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?