Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Срамни услови во Скопје“ – Жестока критика од Италијанската теквондо федерација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > „Срамни услови во Скопје“ – Жестока критика од Италијанската теквондо федерација
СПОРТ

„Срамни услови во Скопје“ – Жестока критика од Италијанската теквондо федерација

Објавено July 26, 2025 19:31
Сподели
Сподели

Претседателот на Италијанската теквондо федерација, Анџело Чито, остро ја критикуваше организацијата на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), кој оваа година се одржува во Скопје. Во изјава за италијанската новинска агенција АНСА, тој го нарече натпреварувањето „сценарио какво не очекувал да го види во 2025 година“, нарекувајќи ги условите „срамни“, објави 4NEWS.mk

Чито истакна дека, и покрај тешките околности, италијанските теквондисти успеале да освојат три медали и покажале исклучителна пожртвуваност.

„Децата го заслужуваат моето длабоко признание. Не само поради освоените медали, туку затоа што се натпреваруваа храбро, во објекти во распаѓање, со чест прекини, без струја и без минимални хигиенски услови. На речиси 50 степени Целзиусови снема струја, па климите не работеа. Ова не смееше да се случи“, рече Чито.

Неговиот гнев беше насочен кон организаторите, за кои рече дека не понудиле ниту минимум стандарди за меѓународно спортско натпреварување.

И покрај лошите услови, ЕМОФ донесе солидни настапи за македонското теквондо. Репрезентацијата ја претставуваа тројца натпреварувачи, а најдобар пласман оствари Душица Бресалиева, која стигна до борбата за медал.

Потсетување: по олимпиското сребро на Дејан Георгиевски во Токио 2020 и настапот на Милијана Рељиќ во Париз, ова е уште еден чекор напред за македонското теквондо. Но, останува прашањето: дали спортските херои заслужуваат вакви услови?

Извор: 4news.mk

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото Топче“ денес го продолжи маршот од Зубовце, Тумчевиште и Гостивар
Следна Статија „Пожарот“ на брод во Охрид всушност било вежба на МВР во случај на интервенција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

ВИДЕО: Како ја загубивме победата – „Тажните“ последни 35 секунди во кои Унгарците ни украдоа триумф

Македонската ракометна репрезентација запиша огромно реми против фаворитот Унгарија на дебито на Светското првенство 2025, но и тоа како избраниците…

January 16, 2025
СПОРТ

Колев нов селектор на фудбалската репрезентација до 17 години

Фудбалската федерација на Македонија го назначи денеска поранешниот фудбалер на Вардар и Силекс, Влатко Колев за нов селектор на македонската…

August 25, 2025
СПОРТ

Македонија доби уште еден стадион по УЕФА стандарди

УЕФА  го одобри стадионот во Битола за одигрување меѓународни натпревари од највисок ранг, па на теренот на „Петар Милошевски“ ќе…

August 28, 2025
СПОРТ

Митревски по ремито: Некогаш треба малку и повеќе среќа

Голманот на македонската ракометна репрезентација Никола Митревски се огласи по денешниот натпревар. -На крајот извлековме реми. Изедначен натпревар во текот…

January 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?