Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Србија е во речиси безизлезна ситуација бидејќи Бугарија нема да дозволи транзит на руски гас
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Србија е во речиси безизлезна ситуација бидејќи Бугарија нема да дозволи транзит на руски гас
БАЛКАН

Србија е во речиси безизлезна ситуација бидејќи Бугарија нема да дозволи транзит на руски гас

Објавено October 21, 2025 09:17
Сподели
Сподели

Во многу тешка и речиси безнадежна ситуација е Србија, бидејќи Советот на Европската унија усвои забрана за транзит на руски гас низ ЕУ до трети земји, и таа мерка стапува на сила на 1 јануари. Тоа синоќа го изјави српската министерка за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ,

„Суштината е дека Бугарија нема да дозволи проток на руски гас преку гасоводот Балкански поток, што ќе и наштети и на Србија“, изјави Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.

„Се надеваме дека ќе најдеме решение и правиме се што е во наша моќ, но ситуацијата е речиси безнадежна, имајќи ја предвид моменталната состојба во врска со српската нафтена индустрија“, наведе таа во писмена изјава.

Според неа, Србија, иако „не била учесник во никаков конфликт, е погодена без каква било вина“.

И покрај се, ќе направиме се што можеме, како и досега, граѓаните да не ги почувствуваат проблемите со кои се соочуваме, изјави Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.

Според нацрт-регулативата на Советот на ЕУ, одлуката за забрана на транзит на руски гас до трети земји од Нова година ќе биде потврдена кога Европскиот парламент ќе заземе став.

Се нагласува дека конечниот текст ќе биде познат по преговорите на Претседателството на Советот на ЕУ и ЕП.

Советот на ЕУ објави дека е предвиден преоден период за постојните договори со руската страна. Според објавените правила, купувачите од ЕУ нема да можат да потпишуваат нови договори за увоз на руски гас по 1 јануари, додека постојните ќе мора да бидат раскинати најдоцна до крајот на 2027 година. Предвидено е краткорочните договори склучени пред 17 јуни 2025 година да продолжат до тој датум следната година, додека долгорочните договори можат да траат до 1 јануари 2028 година.

И претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, по повод поддршката на министрите за енергетика на земјите-членки на ЕУ за предлогот за постепено укинување на увозот на руска нафта и гас, изјави дека не гледа излез од оваа ситуација и изрази надеж дека шефот на државата, Александар Вучиќ, има решение.

„Ова е катастрофална вест за нас“, рече таа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВЛЕН: Таравари отиде за шест општини, остана со четири заврши со нула
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места, двојно повеќе од СДСМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Изгласана новата Влада на Србија

Новата влада на Србија предводена од премиерот Ѓуро Мацут беше избрана со поединечно гласање на пратениците, од кои 153 гласаа…

April 16, 2025
БАЛКАН

Aмериканците го затвораат Бондстил?

Пред неколку дена американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс на безбедносната конференција во Минхен најави големо повлекување на американските војници од Европа,…

February 19, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Во сабота можат само да ме убијат

Претседаталот на Србија Александар Вучиќ го коментира протестот на студентите во Србија.Тој е убеден оти ќе се обидат да предизвикаат…

March 11, 2025
БАЛКАН

На ден на жалост имала настап: Српска фолк ѕвезда е на столб на срамот

По смртта на 14 лица, беше прогласена тридневна жалост, а многу пејачи поради оваа причина ги откажаа своите настапи, објави…

November 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?