Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Средба Димитриеска-Кочоска – Вуковиќ: Македонија го презема претседавањето со ЦЕФ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Средба Димитриеска-Кочоска – Вуковиќ: Македонија го презема претседавањето со ЦЕФ
ЕКОНОМИЈА

Средба Димитриеска-Кочоска – Вуковиќ: Македонија го презема претседавањето со ЦЕФ

Објавено June 21, 2025 16:55
Сподели
Сподели

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која престојува во работна посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со својот црногорски колега, министерот за финансии Новица Вуковиќ. Главна тема на средбата беше формалното преземање на претседавањето со Управниот одбор на Центарот за развој на финансии (ЦЕФ) од страна на Министерството за финансии, што досега го извршуваше Министерството за финансии на Црна Гора.

Министрите разговараа за идните приоритети на ЦЕФ, особено за улогата на институциите во унапредување на капацитетите за управување со јавните финансии, како и за значењето на соработката меѓу земјите-членки.1

-Посебно внимание беше посветено на планирањето на буџетот во контекст на фискалните правила на Европската унија – одржување на буџетски дефицит под 3 отсто од БДП и јавен долг под 60 проценти. Министерката Димитриеска-Кочоска ги сподели заложбите на Македонија за почитување на овие критериуми, додека министерот Вуковиќ пренесе искуства на Црна Гора во буџетското планирање и следење на фискалната дисциплина. Дополнително, се разговараше за мерките за намалување на јавниот долг и борба против сивата економија. Во тој контекст, беше споменато и усогласувањето на регулативата поврзана со Управата за јавни приходи и Царинската управа, со цел подобрување на фискалната транспарентност, соопшти Министерството за финансии.

Во соопштението, се истакнува дека министрите разменија и мислења за предизвиците поврзани со онлајн купувањата од странство, особено од аспект на царинската и даночната политика, при што беа разменети практични искуства од двете земји.

На крајот, беше заеднички истакната подготвеноста за продлабочување на билатералната и регионалната соработка, како и споделување искуства во евроинтегративниот процес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Протестираме за вашите деца оти утре ден не дај боже да се случи истото – татко кој загуби син ги повика кочанчани масовно да им се приклучат
Следна Статија Џабари Паркер две години во Партизан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Како Јенсен Хуанг од мијач на садови стана извршен директор на една од најголемите технолошки компании во светот

„Ја планирав мојата работа. Бев организиран. Бев точен. Напорно миев садови“, раскажа Џенсен Хуанг, извршен директор на технолошката компанија „Нвидија“,…

August 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Изградба на патниот правец Тетово-Призрен, обнова на железничкото поврзување меѓу Скопје и Приштина – Николоски на Косово

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, заменик министерот за транспорт, Калтрина Зеколи Шакири и директорот на ЈП за државни…

January 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска на Балканскиот самит на поранешни студенти: Регионалната соработка како начин за забрзан раст и побрза конвергенција на Западен Балкан

„За одржлив и инклузивен раст на земјите од Западен Балкан е потребна заедничка соработка, а не изолација“. Ова беше главната…

May 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Македонија бележи континуиран раст на БДП, еден од највисоките во Европа

Од почетокот на годинава, како и во претходните два квартали од минатата година, Македонија бележи континуиран раст на бруто домашниот…

August 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?