Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Средба на Сиљановска-Давкова со професорите Мартиновски и Конески
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Средба на Сиљановска-Давкова со професорите Мартиновски и Конески
МАКЕДОНИЈА

Средба на Сиљановска-Давкова со професорите Мартиновски и Конески

Објавено October 27, 2025 16:45
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска ги прими проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и проф. д-р Атанас Конески, претставник на Културен и едукативен центар „Небрегово“, именуван по родното место на Конески.

Професорите ја информираа за преземените активности врзани за одбележувањето на 80 години од стандардизацијата на македонскиот литературен јазик, како и 80 годишнината од основањето на Филолошкиот факултет во Скопје.

Обајцата ја аргументираа заложбата за измена на Законот за државни награди заради додавање на наградите „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“.

За нив, најдобро време за доделувањето на наградите е месец декември, кога објацата се родени: Конески на 19-ти, а Несими на 25-ти.

Со гордост истакнуваат дека двајцата биле професори на Филолошкиот факултет и она што е Конески за македонскиот јазик и македонистиката, е Несими за албанскиот јазик и албанологијата.

Сиљановска-Давкова е убедена дека пратениците ќе ја препознаат оваа благородна идеја и со големо мнозинство ќе го изгласаат Законот за изменување и дополнување на Законот за државни награди.

За неа, Конески и Несими се духовни великани на македонскиот и на албанскиот јазик, чии имиња одамна требало да симболизираат врвни достигнувања во белетристиката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лазаров: Манасков игра во одлична форма и затоа доби повик, но тој го одби
Следна Статија ДИК разреши 2 избирачки одбори во Шуто Oризари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Воената опрема донирана од Турција даде голема поддршка на нашата одбрана

Во ова ексклузивно интервју со министерот за одбрана Владо Мисајловски за Фокус+, разговараше за витални прашања како што се регионалната безбедност,…

January 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фирмите на синот на Васко Ковачевски работеле турбо откако таткото си дал оставка во ЕСМ

Фирмите на Никола Ковачевски, синот на екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој во моментов се бара од органите на прогонот…

December 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Силно невреме во повеќе делови од Македонија

Силно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и град има во повеќе делови од Македонија. Интензивни поројни дождови со…

July 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Без квалитетни образование и наука не можеме да јакнеме како нација и држава

Јас сум универзитетски професор и логично е дека образованието ќе биде еден од врвните приоритети, порача денес премиерот Христијан Мицкоски.…

January 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?