Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Средба со директорот за статистика на ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Средба со директорот за статистика на ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката
ЕКОНОМИЈА

Средба со директорот за статистика на ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката

Објавено April 28, 2025 19:21
Сподели
Сподели

Директорот за статистика на ММФ, Алберт Крусе, искажа задоволство од натамошниот напредок на Народната банка во областа на статистиката, со позитивна оцена за квалитетот, обемот и навременоста на објавените податоци, коишто се во согласност со највисоките меѓународни стандарди. Притоа, беше нагласено дека Народната банка прибира, изготвува и објавува податоци според највисокиот статистички стандард СДДС плус на ММФ, транспарентно и навремено, во согласност со Календарот за објавување податоци. Ова беше истакнато на средбата која ја имаше со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерите Фадил Бајрами и Ана Митреска, одржана на маргините на Пролетните средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд. На средбата се разговараше за напредокот и за идните планови на Народната банка во областа на статистиката.

Делегацијата на Народната банка ги посочи напорите за унапредување на комуникацијата со јавноста, преку визуелно појасно прикажување на податоците, медиумска активност и интеракција на социјалните мрежи. Гувернерката истакна дека Народната банка постојано работи на развивањето нови сетови статистички податоци и на нивната достапност за пошироката јавност. Така, од октомври 2024 година, сетот на податоци за финансиските сметки е збогатен со квартални и со годишни консолидирани состојби, а до крајот на 2025 година би требало да бидат објавени и податоци за финансиските текови по сектори.

На средбата се зборуваше и за подобрувањата во екстерните статистики, коишто овозможија скратување на роковите за изработка и за доставување на месечните податоци за билансот на плаќања и кварталните податоци за меѓународната инвестициска позиција до Евростат, во согласност со стандардите и барањата на ЕУ. Во областа на монетарната статистика е започната и доброволна размена на податоци за каматните стапки со Европската централна банка.

Делегацијата на Народната банка посочи дека со цел да се зајакне поддршката на известувачите и да се намали товарот за известување за статистички податоци, се продолжи со активностите за поголема дигитализација на процесот на известување. Во оваа смисла, се работи и на поедноставено известување на банките за статистички цели за платежните трансакции со странство и на усогласување со стандардите на СЕПА. Исто така, постепено се заокружуваат активностите поврзани со долгорочниот проект за воспоставување систем за детално известување за потребите на статистиката и супервизијата ИСИДОРА.

На средбата беше истакнато дека Народната банка активно соработува со ММФ на нови иницијативи во областа на статистиката и следењето на методолошките препораки заради постигнување подобар квалитет на податоците. Со цел да се направат методолошки подобрувања на податоците за дознаките и за останатите компоненти од платниот биланс, врз основа на препораките од ММФ, е изготвен предлог-модел за процена којшто е доставен до Фондот.

Од ММФ посочија дека со помош на овие постигнувања, Народната банка се издвојува како институција којашто активно се приспособува кон светските стандарди, обезбедувајќи квалитетни и навремени статистички податоци како основа за економскиот развој и стабилност.

Делегацијата на Народната банка оствари средби и со претставници од Одделот за монетарни и финансиски прашања (МЦМ) и од Правниот оддел на Меѓународниот монетарен фонд, на кои се разговараше за сегашните активности и потенцијалната понатамошна соработка во доменот на зајакнувањето на монетарната рамка, вклучително и алатките за анализа на монетарната политика и нормативната поставеност. Беше разгледана и можноста за техничка поддршка за усогласување со меѓународните добри практики и со стандардите на Фондот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Предвремени парламентарни избори нема да има, Владата и мнозинството се стабилни
Следна Статија Тошковски најави кривична одговорност за вработениот во МВР по чија наредба не бил казнет братот на градоначалникот на Гази Баба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

На македонските аеродроми лани превезени 3,5 милиони патници

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид минатата година опслужиле 3,5 милиони патници и 26.500 летови. - Бројот…

January 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Инфлацијата во септември пониска од август 2025, ама повисока за 4 отсто во однос на септември 2024

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2025 година во однос на август 2025 година изнесува -0.2…

October 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Приоритет ќе бидат когенеративните термоцентрали да изградиме 4 или 5 такви, планот за чист воздух на СДСМ беше најден со метар прашина

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека минатата власт не оставила ниту проекти,…

November 28, 2024

Ветувањата на Илон Маск кои не се оствараа во 2025 година

Маск стана познат по своите неостварени ветувања, и овој пат тоа е уште појасно

January 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?