Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се зголемува бројот на странски инвестиции во земјава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Се зголемува бројот на странски инвестиции во земјава
ЕКОНОМИЈА

Се зголемува бројот на странски инвестиции во земјава

Објавено December 14, 2024 12:13
Сподели
Сподели

Официјално почна изградбата на фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“. во ТИРЗ Кичево. Ова е осма странска инвестиција за само шест месеци од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што соопштија од владината прес-служба, инвестицијата е во вредност од 40 милиони евра, а ќе отвори дури 600 нови работни места и истата ќе се одвива во повеќе инвестициски фази.

Имајќи предвид дека изминатите шест месеци се реализираа 7 нови странски инвестиции на „Алказар Енерџи“ за изградба на ветерници во општините Радовиш, Штип и Карбинци, е во вредност од 500 милиони долари и 630 нови вработувања, инвестицијата на „Епсотех“ за изградба на развојно истражувачки центар, алерти центар во вредност од 20 милиони евра и нови 110 вработувања, инвестицијата за производство на сопирачки за шински возила на американскиот „Вебтек“ во вредност од 35 милиони евра и нови над 100 вработувања, инвестиција за производство на литиум јонски батерии на германската компанија „BMZ Group“ во вредност од 65 милиони евра и нови 700 вработувања, инвестиција на „Брејнчајд“ во вредност од 8,5 милиони евра и вработување на околу 200 лица, инвестиција на германската „Костал“ од 50 милиони евра и нови 250 вработувања, како и инвестицијата на „АД БАУ Интернационал“ во вредност 7 милиони евра и отвора 200 нови вработувања, и инвестицијата на „Avesta Battery and Energy Engineering“ во вредност од 40 милиони евра и 600 нови вработувања е осмата странска директна инвестиција, со што бројот на ново отворени работни места се зголеми за скоро 2800, се вели во соопштението.

Како што се истакнува во соопштението, овие инвестиции директно придонесуваат за поттикнување на економскиот раст на Македонија, како и поттикнување на локалниот економски развој.

Градиме политика која значи подобрување на животниот стандард на граѓаните. Ја трансформираме Македонија напред и создаваме подобра иднина и надеж за сите граѓани. Посветено работиме на економскиот напредок на државата и отворање на нови работни места, се наведува во соопштението.

Владата, продолжува да работи на реализација на проектите и исполнување на ветувањата дадени пред граѓаните, се со цел, соопштија од владината прес-служба, годината да ја завршиме со над 1 милијарда евра странски директни инвестиции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претседателот на Јужна Кореја отповикан по неуспешната воена состојба
Следна Статија Вил Смит одговори на обвинувањата за забавите на Диди: Не поднесувам масло за бебиња

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески во работна посета на „Костал“ Македонија: Поддршка за стабилна економска средина и поголема конкурентност на компаниите ориентирани кон извоз

Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески оствари работна средба со директорот на „Костал“ Македонија Виктор Мизо на која беа…

March 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Цената на златото достигна нов рекорд: Банкар од Дојче Банк вели дека тоа е знак дека нешто се крие

Цената на златото на светскиот пазар достигна нов рекорд, што обично се случува кога инвеститорите се исплашени и бараат ново…

September 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Кредитот ќе се враќа до 3 години грејс период и до 15 години рок на отплата

Денеска во просториите на Министерството за финансии, имавме состанок со Македонската банкарска асоцијација, разговаравме околу средстава што се дел од…

November 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број на странски инвестиции по глава на жител во Европа

Образованието за нас е приоритет и не може да има силна држава без силно образование, истакна претседателот на македонската Влада,…

January 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?