Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Средна оценка 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Средна оценка 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок
МАКЕДОНИЈА

Средна оценка 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок

Објавено August 5, 2025 12:17
Сподели
Сподели

Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државната матура во јуни е 3.69.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција ги соопштија резултатите од јунскиот испитен рок во кој пријсвени за полагање биле 15 004 матуранти од сите видови образование (гимназиско, стручно, уметничко) и на сите наставни јазици. Околу 3 проценти не дошле на испитите.

Јаневска изрази задоволство што успехот е поголем од минатата година кога просечна оценка била 3.26 и бидејќи немало голем број препишувања. Како што рече, 172 се обиделе да препишат и да го „надмудрат“ системот.

Биле поднесени 507 приговори по сите предмети.

Мајчин јазик и литература (македонски, албански, турски и српски), кој е задолжителен за сите матуранти, се полагаше на 31 мај, а вториот испит, кој е изборен за учениците, беше на 11 јуни.

Матурантите кои во јуни не ја положиле државната матура или не во целост, ќе полагаат во августовската сесија – на 12 август е испитот по мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, а на 14 август е полагањето на изборниот екстерен испит (математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански јазик, филозофија, естетика).

Државната матура во нашиот образовен систем се спроведува од 2007 година, во јунска и во августовска испитна сесија. Не беше организирана само еднаш – на крајот од учебната 2019/2020 година поради Ковид-пандемијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Српски министер доживеа мозочен удар во емисија во живо
Следна Статија Љутков: Ќе ја посетам меморијалната поставка посветена на Петре М. Андреевски, чувствувам одговорност да реагирам и делувам

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Oбраќање на премиерот Мицкоски во Будимпешта на СРАС конференција

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски во Будимпешта на СРАС конференција.

May 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од понеделник 38 степени

Сончево и топло, а попладне нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен…

June 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31.12.2024

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на…

December 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Росоклија тврди дека имал согласност од родителите за трансфер на мозоците

Професорот Горазд Росоклија, преку писмена изјава за ТВ Телма тврди дека извозот на мозоци од Македонија на Универзитетот во Колумбија…

February 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?