Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Српски Информер за Македонија: „Балканската банана држава го слави падот на Венецуела“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Српски Информер за Македонија: „Балканската банана држава го слави падот на Венецуела“
БАЛКАН

Српски Информер за Македонија: „Балканската банана држава го слави падот на Венецуела“

Објавено January 4, 2026 12:21
Сподели
Сподели

„Северно-Македонски бедник! Балканската банана држава го слави падот на Венецуела.“ Ова се само некои од навредливите дефиниции за Владата на Северна Македонија од страна на српските медиуми блиски до власта во Србија.

„Уште една мала балканска банана држава се нареди да аплаудира за американската интервенција во Венецуела. Овој пат, министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, се огласи. Без двоумење, го поздрави апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и отворено застана на страната на Вашингтон“, пишува „Информер“, по повод објавата на Муцунски на X за американската воена операција и апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

„Ја поздравувам објавата на претседателот Доналд Трамп дека Николас Мадуро е уапсен и ќе се соочи со правдата. Исто така, го пофалувам државниот секретар Марко Рубио за неговото лидерство во соочувањето со мрежите за трговија со дрога на режимот на Мадуро. Одговорноста е важна. Ние стоиме со Соединетите Американски Држави и венецуелскиот народ во нивната борба за слобода и демократија“, напиша Муцунски.

Според „Информер“, пораката на Муцунски „не покажала никакви знаци на загриженост за кршење на државниот суверенитет, меѓународното право или преседанот една сила да го притвори воениот претседател на друга“. „Сè на што Балканот и Европа обично се повикуваат кога им е политички погодно, едноставно овде е избришано. За Скопје, кое несомнено ги исполнува барањата на Вашингтон и Брисел, очигледно нема дилема: американската моќ е по дефиниција ‘правда’, дури и кога се спроведува со хеликоптери, во темница и надвор од територијата на САД“, пишува Информер.

Српските медиуми известија и за вонредниот состанок на Советот за национална безбедност што го закажа Вучиќ, кој, како што оценуваат е закажан „поради невидени настани и злосторства на меѓународната политичка сцена, кои имаат сериозни последици за глобалната безбедност и меѓународните односи“.

На 21 август минатата година, Вучиќ одржа „добар и значаен“ телефонски разговор со Николас Мадуро, посветен на подобрување на односите меѓу двете земји. Вучиќ го опиша Мадуро како „голем пријател“ на Србија.

„Србија високо ја цени принципиелната и доследна поддршка на Венецуела по прашањето за зачувување на нашиот територијален интегритет и непризнавање на еднострано прогласената независност на Косово“, рече српскиот претседател.

Српските власти одржуваат блиски врски со Мадуро, кого Европската унија не го признава како легитимен демократски избран претседател поради изборни измами. На инаугурацијата на Мадуро за претседател во јануари присуствуваше претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, што предизвика критики од Брисел.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Duolingo ги прекрши дизајн насоките на Apple со рекламирање
Следна Статија Прекини на интернет кај Spectrum корисниците во Охајо поради судир со столб

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Страв и ужас во Босна: Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати

Само во областа Јабланица, 16 лица загинаа во поплавите и одроните што ја погодија БиХ, додека две лица се удавија…

October 4, 2024
БАЛКАН

Србите ги претекнаа Русите по бројот на јахти во Црна Гора

Во Црна Гора заклучно со 1 октомври 2024 година се регистрирани вкупно 494 јахти, односно 80 повеќе од крајот на…

December 21, 2024
БАЛКАН

Дојава за бомба на имотот на Милорад Додик

Утрово, во Бања Лука е примена пријава за поставена бомба на имотот на Милорад Додик, поранешниот претседател на Република Српска.…

September 30, 2025
БАЛКАН

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија ќе започне со производство на оклопни возила и борбени беспилотни летала. На предновогодишната…

December 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?