Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ССМ пред Собранието побара измени на Законот за минимална плата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ССМ пред Собранието побара измени на Законот за минимална плата
МАКЕДОНИЈА

ССМ пред Собранието побара измени на Законот за минимална плата

Објавено May 1, 2025 12:21
Сподели
Сподели

 Учесниците на протестот за 1 Мај, организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), пред Собранието побараа од пратениците да донесат измени на Законот за минимална плата за таа да се зголеми на 500 евра.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов побара од насобраните да свртат грб кон Собранието за, како што рече, да почувствуваат како е кога работникот го врти грбот. 

-Денеска на оваа страна од барикадите сме ние кои бараме достоинствена плата за достоинствена работа, од другата страна на барикадите се тие кои уживаат привилегии. Луксузот ваш е трудот наш. Ве молам, макар и симболично, да им го завртите сите грбот како што им го вртам јас, за да почувствуваат како е кога работник ќе ви заврти грб. Им ветивме дека ќе дојдеме повеќе, ќе дојдеме и многу повеќе, доколку не донесат измени на Законот за минимална плата и не ги зголемат сите останати плати, доколку не – ние на минималец, тие на минималец, истакна Трендафилов.

Како што рече, жално е што на 1 Мај, кога се одбележува работничката борба за осумчасовно работно време, „дел од овие зад нас донесоа закон со кој се овозможува во Македонија да имаме 12-часовен работен ден, нешто што го снемало во светот во 1886 година“. 

-Жално е да уживаат привилегии, 79 проценти зголемени плати, проценти за превоз повисоки од минималната плата, собраниско бифе поевтино од работничка менза, а да одбиваат да донесат измени и дополнувања на Законот за минимална плата, нејзино зголемување на 500 евра, за 100 евра зголемување на платите на сите останати работници, да имаат право и работниците, како и пратениците, на трошоци за превоз и на трошоци за храна. Бараме најбрзо што може да покажат дека се за работниците и дека се со работниците, рече Трендафилов.  

Протестниот марш почна пред Работничкиот дом, а по Собранието учесниците се упатија кон Стопанската комора каде што им беше порачано на работодавците „да не се кријат“ затоа што работниците „им го заработуваат лебот, а за нив не останува ништо“ и дека и натаму синдикатот ќе биде „на браникот на работничките права“. 

Првомајскиот протест со кој ССМ бара минималната плата да биде 500 евра, сите останати плати да бидат зголемени за 100 евра и да се почитуваат колективните договори и работничките права завршува пред Владата. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Црна Гора просечната нето плата достигна 1003 евра
Следна Статија Уапсен пијан возач од Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Цинизам и хипокризија е да барате од некого да биде отпорен на трети влијанија, оставајќи го пред портите на Европската Униј

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на годинешната средба на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, којашто се одржа во Драч,…

October 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонците на мобилен месечно зборуваат по 226,57 минути

Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во првиот квартал годинава изнесува 1.941.996 и е намален за 1,72 проценти во…

October 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Христијан Стојанов е уште еден херој кој спасувал животи во Пулс: Денови не можев да заспијам од глетките кои ги видов

Осумнаесетгодишниот Христијан Стојанов е еден од младите херои на трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој храбро и несебично влегол…

March 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај поради ноќната атлетска трка

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска со почеток во 16.00 часот, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска…

November 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?