Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ССМ утре ќе одржи протест со блокада на улиците пред Собранието
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ССМ утре ќе одржи протест со блокада на улиците пред Собранието
ЕКОНОМИЈА

ССМ утре ќе одржи протест со блокада на улиците пред Собранието

Објавено February 9, 2026 13:01
Сподели
Сподели

Работниците предводени од Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ) утре во 9 часот ќе одржат протест со блокади на улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“ пред зградата на Собранието. Ова денеска на својот фејсбук-профил го најави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, посочувајќи дека оваа блокада е дел од притисокот за зголемување на минималната плата и линеарен раст на останатите примања.

Причина за блокадата пред Собранието, како што посочи, е и што пратениците цела година молчат за предлогот на ССМ за зголемување на минималната плата и за зголемување на сите останати плати.

Поради блокадите на улиците пред Собранието, како што претходно соопшти тој, пратениците нема да можат да дојдат со возила на работа и ќе мораат да поминат покрај работниците и да ги погледнат во очи. Дополнително, нема да можат да наплатат за гориво, што, според ССМ, е најболната точка за народните избраници.

„Пратениците први ќе се соочат со работничкиот гнев, а преку блокадата ќе ги оневозможиме тој ден да наплатат патни трошоци кои надминуваат и 100 евра за еден ден, да дојдат пешки или со градски превоз онака како што одат на работа работниците“,вели Трендафилов.

Според него, истите пратеници што уживаат право на собраниско кафе по ниски цени и трошоци за патување до нивното работно место е нешто што им го скратиле на работниците и нешто што не им го утврдуваат како право на храна и превоз на работниците.

„Пратениците се глуви на работничките барања за зголемување на платите, а работниците им дале мандат да уживаат во луксузот со 79 отсто зголемени плати што дополнително ќе се зголемат за 12,6 отсто доколку Уставниот суд ја укине Уредбата на Владата од минатата година и ќе се зголемат за 9,2 отсто колку што пресмета Гувернерот на Народната банка дека изнесува порастот на просечната плата за 2025 година или ќе добијат вкупно 21,8 отсто зголемување на нивните плати. Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 евра за работниците е срамно“,вели Трендафилов.

Ги потсети пратениците дека не само што мораат итно да гласаат за зголемување на минималната плата и за зголемување на сите останати плати, туку дека ќе мораат да гласат и за намалување на функционерските плати по иницијативата на ССМ.

„Доколку и понатаму молчат, преминуваме на собирање на 10 000 потписи со кои ќе ги намалиме нивните, а ќе ги зголемиме работничките плати. Ќе мора да бираат, ќе гласаат за себе, а против работниците (нивните гласачи) или ќе гласаат за работниците“, напиша тој на Фејсбук.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: Цела недела нема одговор како пет тона дрога поминале граница
Следна Статија (ВИДЕО) Петрушевски: Заев и Филипче се фатени живи во бизнисот со марихуана – Јавното обвинителство мора да истражи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трамп избира кариерен службеник да раководи со агенцијата за статистика чиј претходен шеф го отпушти

Агенцијата е без постојан лидер од август кога Трамп го отпушти претходниот комесар Ерика МекЕнтарфер поради послаб извештај за вработувањето.

February 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Бензините по стара цена, дизелот поскапува

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,46%. Малопродажните цени на…

December 23, 2024
ЕКОНОМИЈА

Еу ги отфрли сите предлози на превозниците од регионот, можна е ескалација со блокади

Европската комисија (ЕК) ги отфрли сите предлози испратени од земјите од Западен Балкан со цел да се најде компромис за…

February 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Сѐ помалку луѓе се возат со автобус, регистрира статистика

Државниот завод за статистика денес извести дека во вториот квартал од годинава, во патничкиот друмски сообраќај се транспортирани 10.007.000 патници.…

August 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?