Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стаменкоска Трајкоска: Ветуваме многу реални проекти кои се од корист за граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Стаменкоска Трајкоска: Ветуваме многу реални проекти кои се од корист за граѓаните
ПОЛИТИКА

Стаменкоска Трајкоска: Ветуваме многу реални проекти кои се од корист за граѓаните

Објавено September 30, 2025 09:33
Сподели
Сподели

Кандидатката за градоначалник на општина Кисела Вода, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска, синоќа гостуваше во дебатната емисија 24 анализа, на телевизија 24 пришто истата ги изнесе причините и мотивацијата за нејзината кандидатура за прв човек на општина Кисела Вода и чиј слоган е „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“.

-Мотивот е желбата за продолжување на развојот на општина Кисела Вода и континуитет на она што изминатите 4 години со макотрпна работа се успеа да се постигне во Кисела Вода. Целта е таа да продолжиме да градиме една општина која ќе биде, која ќе ги спојува сите генерации и ќе создава услови за сите генерации и услови за квалитетно живеење, истакна Стаменкоска Трајкоска.

Во текот на дебатата кандидатката за градоначалник за општина Кисела Вода од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, Стаменкоска Трајкоска ги посочи и главните проблеми на граѓаните во општината како комуналната хигиена, јавниот сообраќаен превоз, изградбата на Булеварот Борис Трајковски како и проблемите со кучињата скитници и притоа напомена дека:

-Тоа се проблеми кои навистина имаат интересна нишка, а тоа значи надлежности, надлежности кои за жал во Град Скопје поврзано со општината Кисела Вода не се менаџираат како што треба. Но со едно добро менаџирање на институциите поврзано на релација Градот Скопје, општина Кисела Вода овие проблеми за многу брзо време можат да бидат надминати, дополни таа.

Стаменкоска Трајкоска ги сподели и решенијата кои таа и ВМРО-ДПМНЕ ги предлагаат во програмата за градоначалничката кандидатура за општина Кисела Вода и кажа дека ветува многубројни, но реални проекти за надминување на проблемите во општината.

-Она што сакам и ќе се стремам да го направам, е системско организирање на јавната чистота. Да се надминат проблемите околку квалитетот на живеење на граѓаните и  она што ќе продолжиме да го правиме како континуитет во соработка со останатите, а што е наша надлежност е започнување на многу проекти што ќе значат бенефит за граѓаните, а тоа е ќе спомнам за канализацијата Бабин Дол која е од многу големо значење за граѓаните на Припор. Понатаму,  реконструкција на објектите на месните заедници во Драчево и Пинтија. Доградба на спортска сала во основното училиште „Кузман Шапкарев“, доградба на основното училиште „Невена Илиевска-  Дуња“ и многу такви проекти кои ќе значат подобро образование и подобри услови за учениците и нас, кадар во училиштата, рече Стаменкоска Трајкоска и додаде:

„Понатаму, ќе се продолжи со изградба на атмосферски канализации, изградба на целата подземна и надземна инфраструктура, зошто почитувани изминатите години во еден период кога СДС беше на власт навистина ништо не се работеше кога станува збор за општина Кисела Вода. Сега имаме дел реконструирани улици, но процесот не треба да запира напротив процесот треба да продолжува. Затоа секогаш го велам тоа дека во Кисела Вода треба да имаме континуитет, треба да имаме продолжување на работите кои се правеа изминатиот период, зошто граѓаните тоа го заслужуваат и посакуваат секако“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ги празнуваме светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија
Следна Статија Јокиќ сака кариерата да ја заврши во Денвер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Василевска: Македонија ќе биде пример за реформи

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, на денешната прес-конференција упати критики до опозициската СДСМ, обвинувајќи ја партијата за лицемерство…

June 28, 2026
ПОЛИТИКА

Левица ќе иницира разрешување на претседателката на ДКСК

Пратеничката група на Левица попладнево соопшти дека преку пратеникот Борислав Крмов како член на собраниската Комисија за прашања на изборите…

July 21, 2025
ПОЛИТИКА

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ брутално ја партизира М-НАВ, се загрозува безбедноста на патниците во авиосообраќајот

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со системско уништување на државните институции, овојпат преку брутална партизација на една од најсериозните и најчувствителни служби М-НАВ,…

July 18, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски: Во СДСМ се очајни па го вклучуваат во кампања Пендаровски кого минатата година народот го порази

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг во општина Прилеп, одржан во рамки на изборната…

October 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?