Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитровски: За 72 часа ќе се исчистат дивите депонии во Скопје, ќе се воспостави систем кој ќе функционира долгорочно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Димитровски: За 72 часа ќе се исчистат дивите депонии во Скопје, ќе се воспостави систем кој ќе функционира долгорочно
ПОЛИТИКА

Димитровски: За 72 часа ќе се исчистат дивите депонии во Скопје, ќе се воспостави систем кој ќе функционира долгорочно

Објавено October 2, 2025 09:07
Сподели
Сподели

Носителот на листата за Град Скопје, Даме Димитровски, во дебата на Канал 5 посочи дека граѓаните на главниот град се оставени без систем и без ред, а претпријатијата едвај опстојуваат поради блокадите и долговите што ги наталожила актуелната градоначалничка Арсовска.

Според него, Вардариште можело одамна да биде претворено во зелена површина, но четири години останало само неостварено ветување.

Тој истакна дека управувањето со отпад е еден од најгорливите проблеми на Скопје и дека е крајно време да се воспостави ред.

Димитровски објасни дека првиот чекор е систематизација на управувањето, потоа воведување селекција со втора и трета канта, за во „Дрисла“ да стигнува значително помалку отпад.

„Мора да овозможиме прописно справување со останатиот отпад, а во исто време да ги едуцираме граѓаните за негова селекција“, нагласи тој.

Во однос на актуелната состојба, Димитровски посочи дека системот за јавен превоз и управувањето со отпад буквално се распаднале. „Ако порано имало каков-таков систем, сега тој целосно исчезна. Се дозволи отпад од Тетово да се носи во Дрисла, а наместо решенија, добивме хаос“, истакна тој.

„Нашата порака е јасна, во 72 часа ќе се исчистат дивите депонии, а потоа ќе се постави систем кој ќе функционира долгорочно и чесно. Време е за акција, време е за решенија“, нагласи Димитровски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трите најхрабри хороскопски знаци
Следна Статија Милан сака да го доведе Левандовски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Дали Росица му праќала пораки на Тошковски да моли за помош, прашува Кузеска

Убиството на Росица не смее да биде заборавено. Убиството бара одговори, бара одговорност и будност и голема сериозност на институциите,…

September 24, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучиќ и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека ПР активностите на СДС и министерот за здравство Венко Филипче се водат од страна…

March 21, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Црвените линии на Венко се тројанскиот коњ, Бојко зборуваше дека дал пари, сега што ли е во игра?

На вчерашниот народен митинг во Куманово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор!…

October 5, 2025
ПОЛИТИКА

Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ во Скопје го промовира Ѓорѓиевски за градоначалник, СДСМ Христоски во Крушево

Партиите и независните кандидати денеска на првиот ден од кампањата за Локалните избори 2025 започнуват со официјалните претставувања пред гласачите. Изборната кампања…

September 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?