Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Не мрзнете и не правете фешти за гол ПР, им порача ВМРО-ДПМНЕ на „стражарите“ од ДУИ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Не мрзнете и не правете фешти за гол ПР, им порача ВМРО-ДПМНЕ на „стражарите“ од ДУИ
ПОЛИТИКА

Не мрзнете и не правете фешти за гол ПР, им порача ВМРО-ДПМНЕ на „стражарите“ од ДУИ

Објавено December 8, 2024 18:58
Сподели
Сподели

ДУИ да ја слушнат изјавата на претседателот Христијан Мицкоски, да не сеат магла, иако знаат дека во среда нема да се случи ништо, реагира ВМРО-ДПМНЕ по денешната најава на Интегративците дека ќе останат пред Уставниот суд до среда за кога е закажана седницата за Законот за јазиците со цел да стражарат за заштита на јазикот.

„За деталите од денешното сценарио и она што вечерва ДУИ го прави внимателно упатуваме да ја слушнат денешната изјава на премиерот Мицкоски кој јасно ги отцртува нивните намери до последниот аспект. ДУИ на овој начин сеат магла иако знаат дека во среда нема да се случи ништо. И откако нема да се случи ништо ќе треба да кажат дека ДУИ ја спасиле работата. А во суштина протестите се политичарите замешани во криминал од ДУИ против судиите на ДУИ. Нашиот совет е да не мрзнат и да не прават фешти кои се гол ПР. Само треба на СДС да му се јават со кои ја крадеа Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно денес на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека во среда нема ништо да се случи, а тоа го знаат и ДУИ, како и дека не треба мешање во работите на судот.

Според Мицкоски, ова го прави изолирана група поранешни високи владини функционери од ДУИ за кои постојат основани сомневања за сторен огромен криминал што набргу ќе почне да се обелоденува.

Премиерот рече дека целта на ДУИ е да предизвика етнички поделби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Драма на Бит Пазар: Арачиновец пукал во воздух кога две лица го застанале и се обиделе да го извлечат од возилото
Следна Статија ЕУ е подготвена да помогне во обновата на Сирија која ги штити сите малцинства, објави Фон дер Лајен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Попов: УМС повторно докажува дека е меѓународно етаблирана организација

На денешното отворање на настанот под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“, во организација на…

March 27, 2026
ПОЛИТИКА

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за зголемување на средствата за противпожарна заштита од 500 милиони денари

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата на денешната седница на комисијата за финансирање и буџет, посветена на ребаланост на Буџетот…

July 14, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Само црвен килим недостигаше на приведувањето на Груби

Со доаѓањето на Артан Груби се случи урнисување на правниот систем на државата, вели претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија…

February 25, 2026
ПОЛИТИКА

Ахмети: Јас ја уништив Југославија

„Нема никој во Македонија кој знае подобро од мене како да прави национализам. Јас ја уништив Југославија и 20 години…

December 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?