Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стаменкоска Трајкоска: Нови паркинг простори, монтажни гаражи и пешачко-велосипедска патека за граѓаните на Кисела Вода
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Стаменкоска Трајкоска: Нови паркинг простори, монтажни гаражи и пешачко-велосипедска патека за граѓаните на Кисела Вода
ПОЛИТИКА

Стаменкоска Трајкоска: Нови паркинг простори, монтажни гаражи и пешачко-велосипедска патека за граѓаните на Кисела Вода

Објавено October 8, 2025 08:23
Сподели
Сподели

Во дебатната емисија „Топ Тема“ на Телма телевизија гостуваше Бети Стаменкоска Трајкоска, кандидат за градоначалник на општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која истакна дека општината треба да се развива одговорно плански и според сите законски нормативи и стандарди да има доволно зелени површини.

„Изминатите 4 години се направија повеќе од 1500 нови паркинг простори, но тоа не го реши проблемот, затоа во програмата, како еден од приоритетите предвидуваме нови паркинг простори дополнителни, но исто така во соработка со Градот Скопје се планира изградба на катна гаража во делот позади Пеглата, исто така се планираат и монтажни гаражи, но исто така нашата програма предвидува и пешачко-велосипедска патека со обиколка на Кисела Вода, една навистина богата програма која нуди многу убави решенија“, вели Стаменкоска Трајкоска.

Во емисијата Стаменкоска Трајкоска се осврна на нејзините приоритети за Кисела Вода, ставајќи ги граѓаните на прво место, притоа потенцирајќи го и значењето за здрава и чиста животна средина во општината како и неодговорното работење на Град Скопје и претходната власт, која што средствата наменети за решавање на проблемот со линданот ги потрошила, без да го реши проблемот.

-Мене приоритети ми се три дела: тоа се граѓаните на Кисела Вода, бизнис заедницата и општинската администрација. Еден од петте приоритети кои ги имаме во нашата програма „Вистинскиот избор“ значи и системска програма за урбана хигиена и чиста животна средина. Целата организација која сега макотрпно се прави во општина Кисела Вода, заради немањето на поддршка и немањето на одговорна работа од страна на Градот Скопје и целиот проблем кој се создава, верувам дека во иднина истиот тој ќе биде надминат, но со ова дополнително системско уредување, што значи дополнително надоградување на сите оние потребни делови кога станува збор за одржување на хигиената во општината и крајно здрава животна средина. Што се однесува до линданот, моите истражувања велат дека средствата кои изминатата влада предводена од СДСМ ги добија за справување со овој проблем, се потрошени, а проблемот не е решен, рече Стаменкоска Трајкоска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Роналдо за учеството на СП 2026: Мојата филозофија е да живеам ден за ден, без долгорочни планови
Следна Статија Мал астероид прелета неверојатно блиску до Земјата, бил откриен откако поминал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Дали Емилијан Станковиќ ќе се кандидира за градоначалник на Центар?

Се зголемуваат шпекулациите дека Емилијан Станковиќ би можел да влезе во трката за градоначалник на Општина Центар. Иако сè уште…

April 13, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: 17.000 помалку вработени, студентите бегаат во странство, младите не гледаат перспектива во Македонија

Младите во Македонија денес живеат во држава која не се развива, држава во која немаат просперитет, посочи претседателот на СДСМ,…

September 4, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: „SKOPJE CITY GO“, Мал Ринг зона без автомобили, град без депони – современо и паметно урбано Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, во интервју за Прес24 вели дека јвниот превоз во Скопје…

September 25, 2025
ПОЛИТИКА

Ганиу исфрли ѓубре пред објектот на Град Скопје, Арсовска побара да го плати долгот кон „Комунална хигиена”

Градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу вчера пред објектот на Град Скопје со група граѓани исфрлиле ѓубре и шут што…

May 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?