Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Стандард и Пур“: Банкарскиот сектор е стабилен, а инфлацијата на среден рок ќе се врати на историскиот просек
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > „Стандард и Пур“: Банкарскиот сектор е стабилен, а инфлацијата на среден рок ќе се врати на историскиот просек
ЕКОНОМИЈА

„Стандард и Пур“: Банкарскиот сектор е стабилен, а инфлацијата на среден рок ќе се врати на историскиот просек

Објавено April 7, 2026 16:57
Сподели
Сподели

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пур“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ- со стабилен изглед, при што посочува дека банкарскиот сектор е стабилен, а инфлацијата на среден рок ќе се стабилизира и ќе се движи околу историските нивоа.

Во извештајот се наведува дека, пред конфликтот на Блискиот Исток и растот на светските цени на енергијата, инфлацијата бележеше значително намалување и изнесуваше 2,9% во февруари. Се очекува дека инфлацијата ќе се зголеми во наредните месеци, но на среден рок, инфлацијата кај храната и услугите би се нормализирала, при што вкупната инфлација би се движела од 2,0% до 2,5%, во просек.

Во вакви услови, се оценува дека Народната банка ќе води претпазливa монетарна политика, заснована на податоците за блискиот период, со приоритет на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс на денарот. Се посочува дека евентуалното олабавување на монетарната политика би било постепено и би зависело од одржливото намалување на инфлацијата, додека зголемените инфлациски или надворешни притисоци би довеле до задржување или затегнување на политиката.

Покрај ова, се наведува дека Народната банка ја приспособила оперативната рамка на монетарната политика заради подобрување на управувањето со ликвидноста и за зајакнување на преносот на монетарната политика.

Во однос на банкарскиот сектор, се наведува дека тој и натаму е стабилен, со висока стапка на адекватност на капиталот (19,5%), како и солиден раст на депозитите и кредитната активност.

 

 

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Савески – Костадиновски: Владеењето на правото бара дела, не декларации
Следна Статија Обвинение за даночна афера тешка над 6,5 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Прв пад на цената на кафето во Бразил по 18 месеци

Потрошувачките цени на кафето во Бразил беа пониски во јули за 1,01 % во споредба со претходниот месец, што е…

August 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Златото се приближува до 4.000 долари

Златото се искачи на уште едно рекордно високо ниво – близу 4.000 долари за унца – додека затворањето на американската…

October 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Инвеститор го купи земјиштето на ски центарот Кожуф за 2,5 милиони евра

Инвеститор за 2,5 милиони евра го купи земјиштето на ски-центарот „Кожуф“, кој е девет години во стечај. На 10 април…

April 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

ССМ на 28. јануари излегува на протест

Претседателот на Советот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов информира дека донеле одлука за протест во среда на 28-ми јануари.…

January 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?