Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Становите во првиот квартал поскапеле за 19,4 проценти на годишно ниво
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Становите во првиот квартал поскапеле за 19,4 проценти на годишно ниво
ЕКОНОМИЈА

Становите во првиот квартал поскапеле за 19,4 проценти на годишно ниво

Објавено April 9, 2025 17:27
Сподели
Сподели

Цените на становите во првиот квартал годинава се зголемиле за 7,2 проценти на квартално ниво, а за 19,4 проценти на годишно ниво, покажува Индексот на цени на станови на Народната банка.

Во првиот квартал од минатата година цените на становите забележаа поскапување од 4,7 проценти на годишно ниво и пад од 0,8 проценти на квартално што беше прво минимално квартално намалување по подолг период откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година. Во вториот квартал од 2024 становите забалежаа поскапување за 11,5 проценти на годишно ниво и од 8,2 проценти на квартално ниво. Во третиот квартал лани растот на годишно ниво изнесуваше осум проценти, а на квартално имаше пад од 0,3 проценти, по што повторно следуваше раст во четвртиот квартал на квартално ниво за 3,3 проценти, а за 10,6 проценти на годишно ниво.

Индексот на цени на станови е изготвен од страна на НБРМ, врз основа на податоци кои се однесуваат на огласени станови за продажба на територија на градот Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Средба на Ангеловска-Бежоска и Сојузот на средношколците: Финансиска едукација наместо финансиски совети од инфлуенсери на социјалните мрежи
Следна Статија УЈП: Непречено тече поднесувањето на МПИН пресметките, како се обработуваат, така се испраќаат кодовите до даночните обврзници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Македонија „скокна“ 10 места на Индексот за демократија на „Економист“

Добра вест. Македонија „скокна“ 10 места на Индексот за демократија на „Економист“. Бележиме скок од 10 места на Индексот за…

March 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ревидирани понуди за Warner Bros. Discovery го започнуваат следниот чин во драмата на спојувањето

Зборови за ревидирани понуди од Paramount, Comcast и Netflix за целосен или делумен откуп на Warner Bros. Discovery се појавија…

December 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: За да се искористат предностите од СЕПА, најважно е банките да се подготват оперативно

Гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава, Масимилиано Паолучи, ја отворија работилницата „Техничките и правните…

January 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски ќе го пушти во употреба експресниот пат Куманово (Страцин) – Крива Паланка на Коридор 8

Утре 04.01.2025 година (сабота) со почеток во 12:30 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на…

January 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?