Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Средба на Ангеловска-Бежоска и Сојузот на средношколците: Финансиска едукација наместо финансиски совети од инфлуенсери на социјалните мрежи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Средба на Ангеловска-Бежоска и Сојузот на средношколците: Финансиска едукација наместо финансиски совети од инфлуенсери на социјалните мрежи
ЕКОНОМИЈА

Средба на Ангеловска-Бежоска и Сојузот на средношколците: Финансиска едукација наместо финансиски совети од инфлуенсери на социјалните мрежи

Објавено April 9, 2025 17:23
Сподели
Сподели

„Mладите не смеат да се потпираат на непроверени извори за финансиски совети, финансиската едукација преку формалните канали не смее да биде заменета со совети од влијателни лица (т.н. инфлуенсери) на социјалните мрежи“, порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на средбата со членовите на Сојузот за средношколци, којашто се одржа во рамките на Глобалната недела на парите, којашто оваа година се одржува под мотото „Размисли пред да „заследиш“, за безбедност на твоите пари во иднина“. „Динамичните промени во финансискиот систем мора да бидат придружени со соодветни промени во образовниот систем, за да имаме младина којашто е подготвена активно да се вклучи во сите текови на општественото делување“, посочи Ангеловска-Бежоска и ги повика младите да бидат љубопитни, да прашуваат, да истражуваат и постојано да ги надградуваат своите знаења, бидејќи тоа е најдобриот начин да ја обликуваат својата иднина преку одлуки засновани на информации и мудро управување со ресурсите.

Истражувањата покажуваат дека околу една третина (31%) од младите на возраст од 18 до 21 година во Обединетото Кралство се потпираат на извори на интернет, вклучително на влијателни лица (т.н. инфлуенсери) на социјалните мрежи за насоки и информации во областа на финансиите, од кои 25% се потпираат главно на „Тик-ток“.

„Во светот којшто се менува со невидена брзина, во предвечерието на петата индустриска револуција, финансиското знаење не е повеќе луксуз, туку е суштинска потреба. Според начинот на кој управуваме со нашите финансии, ги донесуваме одлуките и ги разбираме економските текови, се обликува не само нашиот личен напредок, туку и стабилноста и напредокот на целото општество“, истакна гувернерката, поддржувајќи ја иницијативата на Сојузот на средношколци, коишто преку презентација ја претставија важноста на финансиската едукација за младите.

Податоците од последните мерења од страна на ИНФЕ-ОЕЦД за финансиската писменост во нашата земја укажуваат дека младите на возраст од 18 до 29 години имаат 54% од вкупните бодови за финансиски знаења, што е малку под просекот од регионот којшто изнесува 56%, но сѐ уште постои јаз во однос на земјите од Европската Унија. Во еврозоната, во 2021 година, 95% од младите на возраст од 15 до 24 години имале сметка, наспроти 74% од младите кај нас, исто така 90% од младите поседуваат дебитна или кредитна картичка, а кај нас 52%. Исто така, 82% од младите во еврозоната имаат некаква заштеда, а во нашата земја само 50% од младите. Дури 93% од младите во еврозоната направиле дигитално плаќање, наспроти 64% од младите кај нас. Сепак, позитивни придвижувања се забележуваат кај штедењето, при што јазот е намален од 40 на 32 п.п. и кај дигиталните плаќања од 40 на 29 п.п. во споредба со 2014 година.

„Овие бројки не треба да нè обесхрабрат, туку напротив – треба да нè мотивираат да поттикнеме промени. Тоа значи дека постои простор за подобрување преку едуцирање на најмладите уште од ученичките клупи, со заеднички напори како од страна на финансиските регулатори, приватниот финансиски сектор, така и од страна на образовните институции“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Златна палма за животно дело за Роберт де Ниро во Кан
Следна Статија Становите во првиот квартал поскапеле за 19,4 проценти на годишно ниво

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Од полноќ поскапуваат горивата

Од ноќеска на полноќ горивата поскапуваат за еден денар по литар. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), бензинот…

September 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонско-словачки бизнис форум: Цврста поддршка од двете влади за бизнис соработката, потпишан Меморандум за разбирање

Владите на Македонија и Словачка стојат цврсто зад соработката на компаниите, ги разгледуваат можностите за интензивирање на деловните партнерства и…

February 19, 2026
ЕКОНОМИЈА

Почна изградбата на ветерниот парк кај Штип, 500 милиони долари инвестиција, струја за над 100 илјади домаќинства

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција…

July 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Двајца кандидати за претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Двајца кандидати се пријавиле на јавниот оглас за избор на нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

March 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?