Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски најави нови проекти: 18 милиони евра се предвидени за реновирање на студентски домови, по 250 евра за дигитални уреди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски најави нови проекти: 18 милиони евра се предвидени за реновирање на студентски домови, по 250 евра за дигитални уреди
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски најави нови проекти: 18 милиони евра се предвидени за реновирање на студентски домови, по 250 евра за дигитални уреди

Објавено October 30, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска при посета на поставување камен темелник на изградба на нова детска градинка во Општина Ѓорче Петров, одговарајќи на новинарско прашање за што прави Владата за младите одговори дека  младите се во фокусот на Владата како и сите останати граѓани на Македонија.

„Младите се во фокусот на Владата, впрочем сите се во фокусот на владата, но и младите. Ќе ве потсетам дека во моментот интензивно се работи на реновирање на студентските домови, некаде околу 18 милиони евра има тука инвестиција, во буџетот се предвидени оние 250 евра за дигитални уреди коишто ќе ги користат сите студенти на сите универзитети коишто веќе се планирани во буџетот“, посочи премиерот.

Претседателот на Владата Мицкоски додаде дека се планирани пари за поддршка на нови бизниси на младите и ги охрабри младите да се борат за да успеат.

„Тука се планирани оние 10 милиони евра коишто треба да бидат во форма на грант за старт ап бизниси на младите и уште многу други проекти, млади специјализанти итн., нешто што досега беше незамисливо за претходните влади, ние тоа го правиме и го овозможуваме и ги охрабрувам младите да влезат во борба со животот затоа што само така можеме заеднички да успееме како општество, животот е борба, дневно се бориме за да успееме, секој ден е нов предизвик, секој ден тој предизвик треба да го совладаме, ништо не паѓа од небо готово за се мора да се бориме и да го заслужиме“, посочи премиерот Мицкоски и додаде дека се на што се работи сега ќе остане за младите во иднина.

„Ние сме тука да помогнеме и да работиме да го оставиме тоа коешто го работиме на младите, бидејќи на нив останува иднината, а ние како Влада ќе сториме сешто можеме да им оставиме подостојна и попристојна иднина“, кажа Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фирми на Заеви и Ахмети вмешани во скандалот со пари од Фондот за иновации?
Следна Статија Андоновски: Секој граѓанин заслужува да има увид во тоа како се трошат јавните средства

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Се лажат ако мислат дека не надмудриле: Мицкоски разочаран од маркетите, ќе бара вонредна инспекција

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе побара од Државниот пазарен инспекторат робусна и жестока акција бидејќи, како што вели, дел…

December 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Железницата Бељаковце – Крива Паланка е инженерско чудо, Македонија е способна за големи подвизи

Изградбата на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка претставува „инженерско чудо“ и доказ дека државата е способна за реализација на големи инфраструктурни…

June 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Месецов нова инвестиција со 200 работни места

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека во завршна фаза на преговори се со околу 15-тина инвестиции. Како што рече дел…

February 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Субвенциите доцнат, земјоделците излегуваат на протест

Исплатата на субвенциите повторно го отвори најболното прашање во македонскиот аграр: дали државата навистина има систем за поддршка на земјоделците,…

March 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?