Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фирми на Заеви и Ахмети вмешани во скандалот со пари од Фондот за иновации?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Фирми на Заеви и Ахмети вмешани во скандалот со пари од Фондот за иновации?
МАКЕДОНИЈА

Фирми на Заеви и Ахмети вмешани во скандалот со пари од Фондот за иновации?

Објавено October 30, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Интернет потралот ПлусИнфо ги објави дел од имињата на фирмите за кои вчера директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) јавно обелодени дека околу 60 компании од различни дејности со фантомски проекти и на други незаконити начини испумпале 3,2 милиони евра од буџетот на Фондот.

Дел од објавените фирми се на кланот Заеви и роднини на лидерот на ДУИ Али Ахмети, внукот Дрин Ахмети.

Директорот Никола Додов соопшти детали од ревизијата која уште трае и нагласи дека веќе се наплатени околу 600.000 евра. Дел од побарувањата се во фаза на поднесување кривични пријави до Обвинителството и граѓански парници по кои понатаму ќе постапуваат надлежните судови.

Тече рокот од три дена за жалби кај нотарите и кај извршителите, по што ќе уследат кривични пријави.

Новиот директор не соопшти имиња на компании кај кои се утврдени неправилности, но иако нагласи дека внатрешната ревизија утврдила несоодветни договори и сомнителни практики, вклучувајќи и во фирми поврзани со политички функционери.

Плусинфо ексклузивно дојде до имињата на фирмите во кои ревизијата на ФИТР утврдила неправилности.

Една од тие фирми е „Пауерад ИНТ“, со седиште во Глобал во Струмица. Таа е поврзана со „Еленица“ на Заеви. Во оваа фирма ревизијата утврдила злоупотреба на државни средства и измама. Не биле спроведени проектни активности. Фирмата 3 години немала поднесено завршна сметка во Централен регистар.

Со Зоран Заев е поврзана и фирмата „Медија лаб“ со седиште во струмички Глобал. Еден од основачите на фирмата е Зоран Заев, но тој истапил од неа. На оваа фирма не им се одобрени извештаите поради незавршување на активностите.

Тука е и фирмата „Еверест ЏД ДООЕЛ“ на добро познатиот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети. Еден од поголемите „гревови“ на Дрин Ахмети е тоа што префрлал средства на иста фирма во Косово.

Со внукот на Али Ахмети е поврзана и фирмата „Тхор Индустрис“, кај која е утврдено неизвршување на проект и затајување на извештаи.

Од позвучните имиња е „Дуна ДОО“. Своевремено имаше сомневања за поврзаност на фирмата со скандалот во ДИК во 2020 година за време на изборите и со хакерските напади на денот на изборите, но тие сомневања не се потврдија.

Покрај овие фирми, во фаза на извршување се и предметите за следните фирми:

„Тецуп Груп“ од Тетово. Со неа е раскинат договорот поради несоодветно менаџирање со средства од проектот. Купени се машини пред потпишување на договорот за финансирање.

„Лемакс-пак” од Струмица. Раскинат е договорот поради незавршување на активности и несоодветно менаџирање со проекти.

Друштво услуги и програмирање „МЕЛСТЕК СОЛУШНС ДООЕЛ“ увоз-извоз Битола од Битола. Раскинат е договорот поради непочитување на договорните обврски и неспроведување на активности.

„АЗЗА ИННОВА“ од Скопје. Раскинат договор поради незавршени активности и некоректно трошење средства.

„Добри деца“ од Скопје. Непостапување по договор и неподнесување извештаи.

„Зафиров кетеринг” од Неготино. Утврдено е трошење на средства без покритие и неспроведување на активности според договорните обврски.

„Агор линк” од Велес. Утврдено е незавршување на проектот и трошење на државни средства без покритие.

„Проген 3 ДОО” од Скопје. Раскинат договор поради незавршени активности и поради некоректно трошење средства.

„МГТ Шпед Логистик“ од Штип. Утврдено е трошење на средствата без покритие и неспроведување на активности според договорните обврски.

„Био лаин“ од Кавадарци. Раскинат е договорот поради непочитување на договорните обврски и неспроведување на активности.

„ЕТС-АЛМ“ од Скопје. Раскинат договор поради незавршување на активности и поради несоодветно менаџирање со проекти.

„Инспирион Солушнс“ од Скопје. Раскинат договор поради непочитување на договорните обврски и неспроведување на активности.

Студио за убавина „Мираж“. Оваа фирма е отидена во стечај, но директно ќе се поведе кривична постапка за злоупотреба на државни средства и за измама на државни органи.

Фирмите од овој список ризикуваат да се соочат со пријави за кривичното дело Измама, додека управителите со пријави за кривичното дело Злоупотреба на службена должност Ревизијата во ФИТР утврдила дека не биле склучувани договори согласно со Законот за иновациска дејност. Во некои договори нотарите ставале извршни клаузули во нотарските акти, а во други не – во вториве само се наведува дека исправата има својство на јавна исправа и е подобна да претставува извршна исправа, без да се наведе извршната клаузула во нотарскиот акт.

За ова официјално ќе биде известена Нотарската комора. Потписници на најпроблематичните се проекти поранешните директори Јован Деспотовски и Коста Петров, кои би можеле да се соочат со кривични пријави за Несовесно работење. (ПлусИнфо)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Новак на имотот во Војводина засади од оваа билка, еден корен е 150 денари
Следна Статија Мицкоски најави нови проекти: 18 милиони евра се предвидени за реновирање на студентски домови, по 250 евра за дигитални уреди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Свлечиште сруши дел од патот среде Галичник

Во Галичник на патниот во правец кон хотел Неда и Старацрков после мостот има свлечиште кое го отежнува движењето на…

April 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова не е правда, јавно барам од Судскиот совет да се преразгледа работењето на овој судија и да се анализира оваа пресуда

„Ова не е правда! Тука имаме потфрлање на системот по сите основи“.  Ова го истакна денес премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи…

April 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски разговораше со британскиот државен секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој, Дејвид Лами

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски оствари телефонски разговор со Дејвид Лами, британскиот државен секретар за надворешни работи,…

January 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Мицкоски во ВИП ложа на инаугурацијата на Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски од ВИП ложа ја следеше инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп. -Заедно со претседателот на Републиканската…

January 20, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?