Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стапија на сила повисоките царини на Трамп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Стапија на сила повисоките царини на Трамп
СВЕТ

Стапија на сила повисоките царини на Трамп

Објавено August 7, 2025 08:43
Сподели
Сподели

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50 проценти, стапија на сила на полноќ по источно време за стоки од главните трговски партнери на САД.

Царината на САД започна со наплата на повисоките царини по неколку недели тензии околу конечниот износ на царините и преговорите со трговските партнери со цел нивно намалување.

Стоките што биле натоварени на бродови што се упатуваат кон САД и биле во транзит пред крајниот рок на полноќ, им е дозволено да влезат во земјата со пониските претходни царини пред 5 октомври.

Трамп воведе високи царини за голем број земји, вклучувајќи 50% за стоки од Бразил, 39% за оние од Швајцарија, 35% за Канада и 25% за Индија. Вчера, тој објави посебна царина од 25% за индиска стока, која ќе биде воведена за 21 ден бидејќи Индија купува руска нафта.

-Контратарифите стапуваат на сила на полноќ. Милијарди долари, претежно од земји кои со години ги искористуваа САД со насмевка на лицата, ќе почнат да се влеваат во САД, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.

Осум големи трговски партнери, кои сочинуваат околу 40% од трговијата со САД, постигнаа рамковни договори за трговски и инвестициски концесии, вклучувајќи ја Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја, и успеаја да ги намалат своите основни царински стапки на 15%. Велика Британија постигна 10%, додека Виетнам, Индонезија, Пакистан и Филипините достигнаа 19% или 20%.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Купувањето куќа, стан или викендичка во Грција станува сè попопуларна опција
Следна Статија Револуција на пазарот на трудот во Словенија: Шестчасовна смена и слободен петок за работниците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Израел објави снимки од масакрот на Хамас: „Најмрачниот ден во историјата на земјата“

Израел објави потсетник на социјалните мрежи на втората годишнина од масакрот на Хамас во Израел. По тој повод, тие објавија…

October 7, 2025
СВЕТ

Кремљ: Путин прифати средба со Трамп

Русија и САД се согласија за средба меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп во наредните денови, изјави претседателскиот советник Јуриј…

August 7, 2025
СВЕТ

Белата куќа: На Трамп му се дијагностицирани проблеми со вените

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е прегледан за оток во долниот дел од нозете и модринки на рацете, изјави денеска…

July 17, 2025
СВЕТ

Бил Гејтс донира 50 милиони долари на Камала Харис: „Овие избори се поразлични“

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, ја поддржа демократската потпретседателка на САД, Камала Харис, во претседателската трка во 2024 година, пишува…

October 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?