Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стејт департмент: На средбата Рубио-Муцунски беше нагласена силната врска меѓу САД и Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Стејт департмент: На средбата Рубио-Муцунски беше нагласена силната врска меѓу САД и Македонија
МАКЕДОНИЈА

Стејт департмент: На средбата Рубио-Муцунски беше нагласена силната врска меѓу САД и Македонија

Објавено May 29, 2025 23:07
Сподели
Сподели

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека државниот секретар Марко Рубио на средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја нагласил потребата „сојузниците на НАТО да поддржат и да стигнат до пет проценти издвојување за одбраната“.

– На средбата беше нагласена силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија и беа истакнати заедничките интереси за регионалната стабилност, економската соработка и НАТО. Тие ги разгледуваа можностите за проширување на економската соработка, вклучително и трговијата и инвестициите. Секретарот ја нагласи потребата сојузниците на НАТО да поддржат и да стигнат до пет проценти издвојување за одбраната, се посочува во соопштението по средбата Рубио – Муцунски.

Од Министерството за надворешна политика и надворешна трговија,информираа дека биле разменети и мислења за безбедносната соработка во рамки на НАТО, каде што нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции над два проценти од БДП во одбранбениот сектор.

Како што соопшти Министерството, двајцата соговорници ја потврдиле извонредната соработка меѓу двете држави, која е заснована на заеднички вредности, политички интереси и долгогодишно пријателство.

– Министерот Муцунски ја нагласи посветеноста на македонската Влада кон унапредување на политичкиот дијалог со САД, како и конкретната заложба за институционализирање на стратешкото партнерство преку спроведување на заеднички Акционен план, се наведува во соопштението.

Во рамки на разговорот Рубио-Муцунски биле разгледани можностите за дополнително продлабочување на трговските односи, постигнувајќи значаен исчекор и напредок во насока на намалување на тарифите и можноста за започнување на процес за потпишување Договор за слободна трговија.

Министерот Муцунски ја истакнал отвореноста на македонската Влада кон унапредување на економската соработка, привлекување американски инвестиции и зголемување на присуството на американски компании во земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На денешен ден двајца Македонци станаа европски шампиони
Следна Статија Нов пресврт, царините на Трамп остануваат во сила

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мечка се прошета низ село во Ранковце, но не смее да се убива, предупредија од ловното здружение

Мечка се појави во селото Петралица, општина Ранковце, во средината на денот. Оваа информација ја сподели ловното здружение „Славишко поле“…

November 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Одѕивот на локалните избори за првпат најверојатно нема да надмине 50 проценти во првиот круг

Одѕивот на изборите за градоначалници и советници, според подфатоците на ДИК, за првпат нема да надмине 50 проценти во првиот…

October 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Втора седница на Советот за безбедност во вила „Водно“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска на пладне ја свика втората седница на Советот за безбедност. Членови на Советот за безбедност…

August 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните се повикуваат на бојкот на продавниците во петок и преку летоци

Повик за бојкот на маркетите в петок се шири на социјалните мрежи. Се повикуваат граѓаните да се воздржат од купување,…

January 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?